Најголемата измама со криптовалути: Интерпол распиша потерница по сопственикот на берзата „Тодекс“ кој побегнал во Албанија со две милијарди долари

Интерпол распишал црвена потерница по сопственикот на берзата на криптовалути „Тодекс“, Фатих Фарук Озер, кој во вторникот побегнал од Турција во Албанија. Тој се товари дека ги измамил своите вложувачи, околу 400.000 лица и за сума од две милијарди долари.

Како што пренесува агенцијата „Анадолија“, Републиканското обвинителство во Истанбул вчера започнало истрага. Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, разговарал на со албанскиот колега Бледар Чучи, а разговарале и шефовите на полицијата на двете земји.

Озер се сомничи дека формирал организација за правење измами и криминал со користење на информациски системи, банки или кредитни институции“. По налог на Државното обвинителство е извршен претрес на работното место и се преземени мерки над неговите банкарски сметки.

Откако Републиканското обвинителство во Истанбул синоќа упати барање кон турската полиција за распишување црвена потерница по Озер, утврдено е дека Интерпол денеска претпладне распишал црвена потерница и се очекува негово апсење и испорачување на Турција.

Озер е сопственикот на „Тодекс“, берза на криптовалути основана во 2017 година во Турција. Во последните седум дена постои проблем со повлекување на пари на банкарските сметки, а подоцна дошло до потполно затворање на берзата.

Се наведува, исто така, дека и веб-страницата „www.thodex.com“ не е достапна веќе два дена. Станува збор за страница која има околу 400.000 корисници, меѓу кои 390.000 корисници кои активно ја спроведуваат трговијата со криптовалути и финансираат вложувања.

Голем број корисниците се огласиле преку социјалните мрежи наведувајќи дека немаат пристап на берзата и дека веќе некое време не се во можност да ги пренесат своите пари на сметките.

 

Scroll to Top