Најголема тужба против „Гугл“, компанијата го кршела законот против монопол

By

Американскиот Секретаријат за правосудство упати тужба во вторникот против компанијата „Гугл“ поради кршење на законот против монопол. Од Секретаријатот велат дека технолошкиот гигант ја злоупотребил доминацијата во пребарувањето на интернет и рекламирањето.

dobivaj vesti na viber

На тој начин „Гугл“ ја угушил конкуренцијата и им нанел штета на потрошувачите. Тужбата, како што оценува „Асошиејтед прес“, претставува најзначаен потег на владата за заштита на конкуренција, уште од тужбата против „Мајкрософт“, пред повеќе од 20 години.

Исто така би можела да го отвори патот за втората најголема владина интервенција, имајќи ја предвид актуелната истрага, која Секретаријатот за правоудство и Федералната трговска комисија FTC ја водат против големите технолошки компании како што се „Епл“, „Амазон“ и „Фејсбук“, пренесува „Глас на Америка“.

„Гугл“ е премин за интернет и гигант за пребарување и рекламирање. Но, како што се објаснува во тужбата, компанијата одржувала монопол во  политиката на исклучување други, нешто што е штетно за конкуренцијата“, изјавил пред новинарите заменик-секретарот за правосудство Џеф Розен.

„Тужбата од Секретаријатот за правосудство има големи недостатоци. Луѓето го користат ‘Гугл’ затоа што тоа е нивен избор, а не затоа што се принудени или не можат да најдат алтернативи“, одговориле од „Гугл“, на „Твитер“, за тужбата.

 Во тужбата поднесена во федералниот суд во престолнината во Вашингтон наведуваат дека „Гугл“ плаќа милијарди долари, заработени од реклами за производство на телефони. Компаниите се осигуруваат „Гугл“ да им биде главен пребарувач.
Поради тоа владите на 11 сојузни се придружија во тужбите поднесени кон компанијата „Гугл“.

 

Ќе ви се допадне