Најпознатата германска ТВ-куќа ги шокира Европејците за тоа што ни следува!

By

ЈАВНО ЈА ИЗНЕСОА ВИСТИНАТА!

dobivaj vesti na viber

Најпознатата германска ТВ-куќа ја обелодени вистината за германскиот народ и малку е да се каже дека направи вистински хаос во јавноста. Јавно, без никаква задршка, водителот пласира две вистини. Првата е дека во иднина ќе останеме без хартиени пари, а втората е дека ни следува чип во десната рака!

Во Германија во последните денови на сите нивоа, од елитните екпертизи, па сè до кафеанските средби, се разбранува расправата за укинување на книжните пари. Ангела Меркел во врска со таа нова голема европска цел дури имаше и состанок со францускиот премиер барајќи поддршка за тој план. И тоа во текот на мигрантската криза додека сите замижуваа или не сакаа да се најде решение за егзодусот на библиските народи во своите татковини – виа Европа, на европските простори се пресели речиси цела Месопотамија. А највлијателната жена во ЕУ, наместо да крикне, како што секоја мајка би го направила тоа за своето дете и да извикне „Стоп на војната“ и истовремено да направи притисок врз своите пријатели Обама, Путин и другите нејзини колеги, со цел срамната војна да ја спречи, таа одработи за банкарите работа од хорор-филмовите.

Уште не ни спласна прашината во врска со можните повлекувања на книжните пари, Германија веќе со неверување посведочи за новиот хорор кога на најгледаната и најпозната германска ТВ-куќа ZDF излезе во јавност страшната вистина.

Новинарот првин убаво ѝ образложи на нацијата дека многу експерти се согласуваат дека е дојден крајот на книжните пари затоа што се непрактични. Може да изгорат, може да се украдат и така натаму, а потоа даде пример преку супер развиената земја Шведска, држава која речиси ги иззема парите од оптек.

Во таа држава мнозинството плаќаат со картички. Се разбира, тој заборави да напомене дека таа супер држава, во последните децении, наголемо ги намали социјалните давачки за да ги ограничи човечките права. Но, настрана тоа, во продолжение на прилогот, по воведот безготовинското плаќање, следуваше филмот за RFID, односно приказ на чипот и неговиот изумител, кој, се разбира, тврди дека имплантот е безопасен.

Коментарите на Германците што го гледале овој прилог се многу јасни. Германците како и секој нормален човек не биле воодушевени од идејата за креација на новиот чипиран свет.

„Зар тие нам тоа јавно ни го презентираат?“, прашува еден гледач додека другите заклучуваат дека при здрава свест тие создаваат чипиран свет со цел полесно да се контролира, и тоа во период на најголемиот социјален хаос на новата историја“.

Но, не станува збор само за Германија. Чипирањето во овој момент се разгледува како опција насекаде во светот. Во Хрватска, во Загреб, минатата година беше одржана конференција на која се говореше за чипираното човештво и безготовинските пари. И двете работи се застрашувачки.

Неодамна во магазинот „Тренд“ објавена е и веста за австриско-германската компанија за висока технологија EDAQUOS, која го лансира на пазарот проектот за чипирани пари.

Парите би имале вграден RFID-чип и во секој момент на каса или во банка би можело да се провери нивното потекло. Во случај трагата да е без потекло, во истиот момент тој би се згаснал и би станал неважечки.

Замислете си ситуација дека сте јаделе и сте пиеле во некој ресторан, доаѓате на благајна и сакате да платите со пари, а сопственикот во истиот момент повикува полиција затоа што на неговата каса сигнализира дека вашите пари се со црно потекло.

Специјалци ве апсат и вие докажувајте потоа дека не сте трговец со дрога или оружје. Или уште подобро, вашето дете влегува во трговски центар да купи чоколадо со пари што му ги дала баба му.

Којзнае дали воопшто повеќе би го виделе вашиот „мал терорист“. Таквите ситуации би биле реални ако се оствари планот на денешните владетели да ги исфрлат книжните пари, односно готивината од оптег.

Кој воопшто би сакал да ризикува во такви ситуации, во својот секојдневен мал живот?

Забраната на работење со готовина би станала непотребна. Луѓето сами, прекуноќ, би се откажале од најпосакуваната тековна цивилизација – парите. Би плаќале со картички, паметни телефони. Или, пак, работата би отишла во друга крајност, односно да се вратиме назад во историјата и да почнеме да се трампаме со кожа за леб или вино.

Достоевски, кој бил духовен бард, но и коцкар, изјавил: „Парите се знак на голема слобода“. Човекот што работи дење и ноќе за да преживее, ако ништо друго, го има барем задоволството да ги држи во рацете плодовите на својот труд. Своите пари со кои располага, како што тој сака. Да ги потроши или да ги скрие под креветот за црни денови. Милиони луѓе на светот секој ден стануваат, трчаат на работа, ги губат здравјето и нервите и ја губат целта на животот. ‘Рмбајќи за невидливи газди, кои сега и нивните крваво заработени пари ќе ги направат невидливи.

Парите веќе одамна се невидливи, виртуелни. Банкарите што се должни да ги исплатат своите клиенти би можеле со притиснување едно копче да го исплатат кредитот кој за нив е само виртуелен.

Бројките на екранот пред нивните компјутери се само илузија. Тие немаат покритие во трезорот во банката. Но, кога ќе треба вие да го отплатите вашиот кредит на нив, за него ќе мора да ги дадете својата крв и своето месо.

И тоа е цела поента на ова нововековно робство. Откако е укинат FED, светот функционира на ваков начин. За виртуелните пари и како настануваат тие, можете лесно и разбирливо да прочитате во книгата на Марка Францишковиќа. Делото се вика „Хрватска книга на опстанокот“.

Трендот на укинување на готовината ја зафати Европа како торнадо. Почна во Италија под маската за борба против мафијата. На банкоматот можеше да се подгнат најмногу 1.000 евра во текот на еден месец. Потоа ги зафати Шпанија, Грција, а на крајот стигна и во Франција. Наводно поради тероризмот.

Најдалеку во тоа отидоа земјите од Скандинавија, Шведска, Норвешка и Данска. Во Холандија, пак, еден ден беше објавен закон дека кафулињата и продавниците не мора да земаат пари ако не сакаат.

Луѓето ги прифаќаат картичките затоа што се брзи.

Но, не ни насетуваат што ќе настане кога ќе станат свесни дека зависат само од тоа парче пластика во раката. Сè уште има готовина, па некако сè е во ред.

Но, што ќе се случи кога ќе ви го укинат минусот или кога банката ќе ја згасне вашата картичка? Или, пак, ако банката згасне? Што тогаш? Од кого ќе позајмувате пари тогаш?

На минатиот состанок на светските моќници од земјите на Г7 се расправаше токму за укинување на готовината во сите земји во Европа.

Главниот гуру на тој проект беше новата ѕвезда на магионичарското небо, Питер Бофингер. Тој го изнесе својот проект во склоп на својата лева социјалдемократска партија во германскиот Будестаг, но и даде интервју за „Шпигел“. Се разбира, тој истакна дека посакува што побргу во Германија да биде усвоен законот за безготовинско плаќање.

Германците, а богами и сите ние Европејците, сè уште копнееме за германската марка. Сè уште ја немаме преболено марката, а веќе ќе останеме и без евра во рацете. Како што вели Бофингер во „Шпигел“:

„Од целата негова голема економска мудрост, ќе остане запаметено дека безготовинското плаќање е нужно затоа што тогаш тој нема да бара ситни пари во џебовите кога ќе застане на благајната. Па, тогаш и нема да има застои и преголеми чекања во редица“.

Таквиот смислен високосензибилен интелектуалец, веројатно страшно го нервира тоа што мора за една конзерва од некој вид храна да чека во ред со другите, а уште повеќе да ги трпи тортурата и детскиот плач, како и вресоците додека мајка им пребарува по торбите.

Благајниците во тој негов свет воопшто не се ни потребни. Тогаш ќе поминеме покрај некој компјутер, ќе ја повлечеме картичката, ќе го слушнеме звукот и ќе продолжиме. Ете, тоа го вели Питер, „свети Питер“.

Нема повеќе трошоци за печатење на парите, нема повеќе грабежи во банка. Ќе може да се види кој купил тампони, а кој злато.

За секоја направена трансакција во пекарите или во вецињата во рестораните, банката, се разбира, ќе наплаќа провизија. Колку? Па, колку што ѝ душа сака. И така пластиката во вашиот џеб е единственото што ќе го имате, ако се побуните, може да останете и без тоа!

Нема да биде потребен ни тероризмот. Децата ќе јадат само здрава трева. Замислете го светот без војни, без дрога, без измами, без корупција.

Отстранувањето на готовината е всушност знак на доаѓањето на нивниот Исус на земјата.

Парите се темелот на злото во светот, па затоа не ви се ни потребни, тоа е она што Петар Велики му го порача на народот. И додека целиот свет е во војна, во поплави, во хаос, во таков морален неред, Петар продава магла за подобар свет.

Ќе се следи трагата на вашата картичка и ќе се знае каде сте и што правите во секој момент. А кога ќе им досадите, само ќе ве згаснат. Ни во црква нема да можете да се скриете. Ќе знаат сè за секоја ваша милостина, а веројатно и престојот ќе ви го наплатат.

 

Ќе ви се допадне