НАСА: Месечината имала своја атмосфера

By

Експертите од НАСА веруваат дека Месечината имала своја атмосфера пред три до четири милијарди години, објави „Дејли Мирор“.

dobivaj vesti na viber

Според новото истражување на вселенската агенција, интензивна вулканска активност исфрлала гасови на површината на Месечината побрзо отколку што е можно тие да се распространат во отворен простор.

Овие ерупции биле составени од гасови како јаглерод моноксид. Тие формирале преодна атмосфера околу Месечината, која се задржала околу 70 милиони години, пред конечно да се распрска во вселената.

Специјалистите велат дека атмосферата била погуста пред 3,5 милијарди години. Таа содржела траги од сулфур и вода.

„Откритието драстично ја менува нашата перцепција за Месечината – од безвоздушно карпесто тело, до такво, што имало атмосфера, погуста од онаа околу Марс во сегашноста“, вели еден од истражувачите Дејвид Кринг.

Тој додаде дека во овој период на својата историја, Месечината била 3 пати поблиска до Земјата отколку што е денес, и таа изгледал околу 3 пати поголема на небото.

Ќе ви се допадне

go88 download android go88 là gì cách bắt cầu tài xỉu chuẩn go88

sunwin cổng 2 sunwin house bradford tại sunwin88