НАСА на астронаутите им прикажувала снимки од вонземјаните од Розвел

Астронаут на НАСА Елисон Онизук, тврди дека неговите надлежни во вселенската агенција им прикажувале на него и неговите колеги снимки со мртви вонземјани.

Не е јасно зошто астронаутите на НАСА им ја покажале снимката со вонземјани на астронаутите, иако Меклеланд образложил дека тоа би можело да биде некој вид на психолошки тест, за да видат како астронаутите би реагирале на снимката.

Според зборовите на поранешниот оператор на НАСА, Кларк Меклеланд, Онизук непосредно пред смртта го открил видеото со мртви вонземјани во хуманоиден облик, со кои се експериментирало во Розвел. Меклеланд тврди дека слушнал неколку коментари од други офицери кои седеле покрај него, како малите суштества имале хуманоиден облик и изгледале слично на оние кои ги опишале наводните сведоци на добро познатата Розвел локација на југозападот на САД во 1947 година. Сите имале големи глави, очи, раце и нозе. Не изгледале како да потекнуваат од земјата.

Во текстот со наслов „Обелоденување на вонземјаните“, Меклеланд тврди:

„Сите биле запрепастени кога го виделе видеото во кое во просторија наменета за медицински истражувања на плочите биле забележани мали тела на вонземјани“

Тој бил критикуван поради неговите чудни тврдења во минатото. Поранешниот оператор на НАСА не е наведен на ниту едно место на сајтот на НАСА или која било друга слична владина агенција која обично чува евиденција за она што некои поединци го кажале.

Дали тоа е причина затоа што тој никогаш не бил астронаут или владата ги избришала сите негови службени евиденции, засега не е познато, но Меклеланд во недостатокот на неговите службени евиденции на својот сајт напишал:

„Историјата ја креираат, манипулираат со неа и ја пишуваат оние кои претежно се на победничката страна на народот и кои имаат врвна политичка и особено воена доминација. Која било вистина која има и најмал потенцијал да ја ослабе нивната вкупна власт над масите не може да биде толерирана“.

Меклеланд во своја одбрана нема пишани извештаи на поранешните астронаути, кои се наведени на сајтот на НАСА, дека тој навистина работел во некое својство во НАСА.

Тој исто така не е единствениот астронаут кој тврдел дека видел докази за вонеземјани. Бројот на приказни кои кружат за инцидентот во Розвел е голем. Со децении се тврдело дека се забележани снимки од вонземјански обдукции на местото на несреќата.

Пошироката тамошна јавност верува дека остатоците од вонземјанското летало кое е срушено во Розвел, е однесено во Областа 51, тајната американска воена база која се наоѓа во пустината Невада.

Војската тврдела дека срушеното летало било само временски балон, иако неодамна признале дека балонот всушност се користел за надгледување на нуклеараните тестирања.

Scroll to Top