Нашата Галаксија е преполна со црни дупки – Ги има над 100 милиони

Расправата за бројни црни дупки во Млечниот пат, почна уште пред година дена, а набрзо откако „LIGO“ (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) детектираше пукнатини во просторно-временскиот континум.

Во нашата галаксија постојат 100 милиони црни дупки, тврдат научниците.

Расправата за бројните црни дупки во Млечниот пат, почна уште пред година дена, и набрзо откако „LIGO“ ги детектираше пикнатините во просторно-временскиот континум, кои настанале со сударот на две црни дупки, од кои секоја била со големина на 30 Сонца.

„Во основа, детекцијата на гравитационите бранови била голема работа, затоа што тоа била потврда на клучното предвидување на Ајнштановата теорија на релативитет. Сударот на две масовни црни дупки не натера нас да си го поставиме прашањето „колку се чести црните дупки со оваа големина, и колку често тие се спојуваат“, изјави Џејмс Булок, од Универзитетот во Калифорнија.

Научниците веруваат дека повеќето црни дупки, кои настанале со експлозвини масивни ѕвезди, имаат маса на нашето Сонце, пишува „Financial Express“.

Според мислењето на Маној Каплингат, професор на UCI, бројот на црни дупки на оваа маса по галаксија зависи, од нејзината големина.

Големите галаксии имаат ѕвезди кои се богати со метали, додека помалите галаксии, воглавно ги пополнуваат големите ѕвезди со малку метал. Звездите кои имаат многу тешки елементи, како нашето Сонце, поголемиот дел од таа маса ја трошат, за време на „животот“. Кога ќе дојде крајот на животот на ѕвездата, и ќе настане супернова, тие кои ја потрошиле својата маса, не можат да направат џиновски црни дупки.

Од друга страма, големите ѕвезди со малку метал не ја трошат својата маса така лесно, па во моментите на Супернова, целата таа маса заминува во црната дупка.

Научниците пресметаа дека само нашата галаксија „настануваат“ околу 100 милиони црни дупки.

 

 

 

Scroll to Top