НАТО ја издаде најголемата воена тајна на САД, откриени тајни локации каде се крие нуклеарно оружје

Во извештајот на Парламентарното собрание на НАТО, случајно се појавија информации за точните места каде се чува американското нуклеарно оружје.

Овој извештај е објавен уште во април под името „Новата ера на нуклеарната превенција?“, но набрзо по излегувањето во јавноста, истиот е избришан, бидејќи во него се зборува каде точно се лоцирани околу 150 нуклеарни боеви глави низ Европа, пишува „Вашингтон пост“.

Станува збор за шест локации, тоа се шест воени бази: Клајн Брогел во Белгија, Буел во Германија, Авијано и Геди-Торе во Италија, Вокел во Холандија и Инџирлик во Турција.

Американскиот весник наведува дека минатата недела објавена е и конечна верзија на извештајот. Овој пат без локациите на американските нуклеарни ракети.

Неименуван извор од НАТО, изјавил дека ова не е официјален документ на Алијансата.

Scroll to Top