Научници ја открија локацијата на древниот град Атлантида

Научници и историчари тврдат дека конечно локацијата на изгубениот град Атлантида би можела да биде откриена. Според одреден сателитски снимки, постои можност ѕидините на овој градот се наоѓаат на југот на Шпанија.

Досега голем број научници верувале дека градители на овој град биле Старите Грци или Римјани, но сега дел од историчарите сметаат дека овие ѕидини биле изградени од мистериозниот народ Атлантида.

Атлантида се споменува во списите на Платон 400 години пред новата ера и е опишана како напредна островска цивилизација.

Во центарот на ова поморско царство бил градот Атлантида кој имал огромно пристаниште и храм кои ги посветиле на Посејдон. Се верува дека Атлантида била уништена од некоја природна катастрофа, како цунами или вулкан.

Некои од научниците сметаат дека Платон ја измислил целата оваа приказна за да ги претстави своите филозофски теории. Тим на археолози веруваат дека рушевините на овој град се наоѓаат блиску до брегот на Шпанија кај Кадиза.

Со помош на сателитски снимки може детално да го проучат ова подрачје и да откријат дали тука постоеле низа на населби од античко време. Историчарот Тим Ејкерс вели дека е сигурен дека не само што ја пронашле Атлантида, туку и дека оваа цивилизација била многу напредна.

Голем број на лабораториски анализи, пронајдени материјали покажале дека на ова подрачје во Шпанија постоел еден вид на цемент каков што никогаш претходно не бил виден. Се занимавале со обработка на метал, кој бил многу понапреден за таа доба.

„Тестирањата покажале дека ископувањата се постари од грчките и римските“, изјавил Ејкерс.

Scroll to Top