Кратерот во Јарабуби, во Западна Австралија е идентификуван како најстариот доказ за пад на астероид на Земјата. По неколку направени тестирања на минералите најдени во тамошните карпи, истражувачите од Универзитетот Кертин пресметале дека тој е стар 2,2 милијарди години, пишува „Раша тудеј“.
Кристалите од циркон и монацит во камењата содржат мала количина на ураниум, преку кој може да се одреди староста на основа на неговите карактеристики. На тој начин научниците успешно ја пресметале точноста на кратерот.
Кратерот е со пречник 70 километри, а е откриен 1979 година. Сега се испоставило дека е 200 милиони години постар од кратерот Вредефорт во Јужна Африка, кој досега се сметал за најстар.
Ударот на астероид бил толку силен што е можно истиот да ја предизвикал ледената доба, сметаат научниците.
„Староста на кратерот одговара прилично точно на времето кога почнала ледената доба. Ударот на астероидот во Земјата можел да изврши значајно влијание на климата на нашата планета“, изјавил водечкиот истражвач Кристофер Киркленд.
Тимот на научници пресметал дека овој камен од вселената удрил во лед дебел неколку километри, па во атмосферата била исфрлена огромна количина на водена пареа, што допринело за загревање на нашата планета за време на протерозоик периодот, многу пред на истата се појават сложени облици на живот.