Научниците открија 29 планети од каде што вонземјаните можат да нè набљудуваат

Научниците открија 29 планети, од каде вонземјаните можат да не набљудуваат, пренесуваат светските медиуми. Во најновото истражување, астрономи од цел свет направија список од ѕвездени системи кои се во близина до нашиот, од каде вонземјаните можат да не набљудуваат.

Тие идентификуваа 1715 ѕвездени системи во нашиот космички кварт, од каде вонземјаните би можеле да ја откријат Земјата во последните 5000 години, и да го следат нејзиниот пат околу Сонцето.

Меѓу оние кои се одлично позиционирани да го следат движењето на Земјата, се 46 ѕвездени системи, кои се доволно блиски, за да можат нивните планети да ги пресретнат сигналите кои ги има испратено човекот, како што се радиото и телевизиските сигнали, кои почнаа да се емитуваат пред стотина години.

Истражувачите проценуваат дека 29 потенцијално населиви планети, се поставени така што, од нив може да се види транзитот на Земјата и да се слушнат радиските и телевизиските емитувања. За тоа дали вонземјаните ќе сакаат да не контактираат е друга работа, велат научниците.

Проучувајќи ги податоците добиени од вселенскиот телескоп „Гаја“, за положбата и движењето на ѕвездата која е блиску до Земјата, Лиса Калтенегер, професорка по астрономија и директорот Карл Саган од Институтот во Њујорк, со својот тим откриле од кои ѕвездени системи, би можела да се набљудува нашата планета. На тој начин тие ги пребаруваат новите светови во вселената.

„Се прашуваме за кого, ние би биле вонземјани. Постои на небото тенка сребрена линија, од каде другите ѕвездени системи имаат космички прв ред да ја гледаат нашата Земја како транзитна планета“, изјавила Лиса.

Во моментов 1402 ѕвезди се наоѓаат во позиција од нивните системи да можат да ја набљудуваат Земјата како поминува пред Сонцето.

Откриено е дека 313 Ѕвезди веќе имале можност, како и уште 319 други, да го видат истото, под услов во тие системи да има некој кој управува со слична, или понапредна технологија од нашата.

Астрономите откриле илјадници планети надвор од нашиот соларен систем. Околу 70% од тие планети, поминуваат пред своите ѕвезди домаќини и го блокираат видикот на телескопите.

Научниците сега го искористиле тоа знаење да видат за кои од тие ѕвезди и планети ние би можеле да претставуваме вонземјани и составиле каталог на блиски и нешто подалечни светови, каде би можело да постои некаков облик на вонземјански живот и тој облик би можел да го регистрира патот на Земјата.

Се проценува дека во таканаречената златна зона, од тие 1715 ѕвезди, постојат 500 карпести светови на кои би можел да постои живот.

Меѓу најдобро потенцијалните кандидати е ѕвездата Рос 123, црвениот патник во соѕвездието Девица, кој е оддалечен 11 светлосни години од Земјата, планетата околу ѕвездата Тегарден, која е оддалечена 12.5 светлосни години и Трапист – 1, ѕвездата оддалечена 45 светлосни години.

Извештајот на астрономите е објавен на листата Nature, во пресрет на објавувањето на долго исечкуваниот извештај на американската влада, за неидентификуваните летечки објекти.

 

 

 

Scroll to Top