Научниците збунети, Земјата прво ја забрза па ја забави ротацијата

By

Научниците се најдоа пред необична загатка. Со помош на атомски часовник во комбинација со прецизни астрономски мерења, откриено е дека денот на Земјата станува подолг.

dobivaj vesti na viber

Иако некој може да смета дека тоа е добра промена, научниците предупредуваат дека таквите отстапувања можат да влијаат не само на нашето мерење на времето, туку и на бројни модерни технологии кои се неизоставен дел од нашите животи, како ГПС-от.

Истражувајќи за што станува збор, научниците утврдиле дека од 2020 година ротацијата на Земјата околу оската, полека, но, сигурно забавува, што резултира со подолги денови. Иако на нашите часовници и понатаму пишува дека денот трае 24 часа, точното трање на ротацијата варира.

Низ историјата, Земјината ротација забавувала и забрзувала поради влијание на Месечината. Пред неколку милијарди години, како што тврдат научниците, денот на Земјата траел само 19 часа. Од друга страна во последните 20.000 години, Земјината ротација се забрзала.

На тоа колку брзо Земјата се движи влијаат цела низа на појави, од земјотреси до ерупции на вулкани. Дури и климатските промени, како и екстремните временски услови можат да влијаат на ротацијата на Земјата.

И покрај тоа што на 29 јуни 2022 година измерен е најкраткиот ден во последните 50 години, научниците и понатаму се збунети зошто долгорочната траекторија се префрлила од забрзана на продолжена.

Некои претпоставуваат дека за таквата промена одговорни се промените во атмосферата, кои резултирале со екстремни временски појави, но таквите појави се забележани и во минатото.

Се шпекулира дури и дека за моменталната ситуација одговрен е феноменот наречен Чендлеровото колебање, кое означува малку отстапување од земјината ротација во период од околу 433 денови.

Што тоа значи за нас на Земјата? Засега ништо. Научниците и понатаму следат што се случува и дали ќе забавувањето ќе продолжи, а можеби ќе можра да уфрлат и негативна престапна секунда, односно да одземат една секунда во денот, што би можело да доведе до цела низа на проблеми, особено кога е во прашање интернетот, кој се ослонува на точното време за размена на податоци.

 

 

Ќе ви се допадне