Нè очекува катастрофа, ќе избие војна, а по тоа следува уништување

На денешен ден, 14 декември, роден е големиот француски пророк Мишел де Нотр Дам, познат и како Нострадамус, кој за наредната година предвидел многу турбулентни настани.

Нострадамус е роден во 16 век, а како познат лекар и астролог уживал голем углед во општеството. Сепак, она по што бил најпознат е неговата наводна способност да ги предвидува настаните.

Еден од неговите најверни почитувачи била Катарина де Медичи, која поради афинитетот кон окултизмот го штитела од инквизицијата во време кога вештерството се казнувало со смрт.

Францускиот пророк наводно полнел чинија со вода, која потоа долго ја набљудувал. Во тие моменти му се јавувале визии на иднината, пренесува disclose.tv.

Многумина Нострадамус го гледаат како еден од најголемите измамници на сите времиња, додека други сметаат дека неговото пророштво не треба да се зема предвид со оглед на тоа дека голем дел од истото веќе се остварило.

Нострадамус предвидел неколку исклучителни негативни настани за 2018 година, која во целост требало да ја измени планетата онаква каква што ја познаваме.

Францускиот пророк забележал дека светот ќе се соочи со промени меѓу нациите и дека ќе се случат неколку големи природни катастрофи кои ќе го потресат светот.

Оваа година така би требало да ја дочекаме ерупцијата на Везув, по која ќе следи силен земјотрес, а овие два големи настани ќе однесат повеќе од 16.000 животи.

Пророкот предвидел дека ќе следи и страшен земјотрес на западната територија на САД, чии бранови ќе се почувствуваат ширум светот, пренесува „disclose.tv“.

Се чини дека Нострадамус бил свесен за климатските промени затоа што тврдел дека „кралевите ќе ја ограбат шумата“, и „дека небото ќе се отвори, а потоа ќе изгори од топлината“.

Познатиот пророк исто така тврдел дека во Франција на почетокот на 21 век ќе почне војна која ќе се прошири на преостанатиот дел од Европа и ќе вклучи и „конфликт на големите сили“. Тврди и дека по немирниот период од 27 години (2025 година) повторно ќе завладее мир, но дека малкумина ќе можат да уживаат во него.

„Најпрецизното предвидување на Нострадамус, кое се оствари беше Француската револуција, големиот пожар во Чикаго во 1871 година, откритието на Луј Пастер, засилувањето на моќта на Адолф Хитлер во Германија во 30 години од минатиот век, слетувањето на Месечината, убиството на Кенеди, создавањето на атомската бомба, терористичките напади на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година.

„Голем огнен земјотрес ќе го погоди Новиот Град. Два големи ѕида долго ќе се борат, а потоа Аретуза (грчка нимфа) ќе ја обои новата река во црвено. Никој нема да биде поштеден“, напишал Нострадамус за падот на Кулите близначки.

 

 

 

Scroll to Top