Недела пред масакрот во Лас Вегас претседателот на хотелот донирал многу пари на исламистички групи

By

Претседателот на управата на хотелот „Мандалеј Беј“, Џејмс Мирен, донира милиони долари на организации поврзани со исламски тероризам, а сега во јавноста излезе информација дека го продал и мнозинство од своите акции, и тоа само една недела пред пукањето во Лас Вегас.

Вејн Ален на порталот townhall.com напиша за Мирен дека пред повеќе од еден месец ја разоткрил својата донација на исламските терористички групи, во текст со кој можеби открил страшно пророштво:

„Џејмс Мирен од компанијата „МГМ Гранд Интернатионал“ ја нарушил довербата кај својот МГМ-одборот, акционерите, вработените и купувачите“.

Џејмс Мирен ја освоил наградата неданочен претседател на управата на векот и всушност ја ставил компанијата во ист кревет со организацијата што има врска со исламскиот тероризам.

Мирен најавил потег што стигнал како одговор на она што тој го гледа како расизам, фанатизам, нетолеранција и насилство видено во „Чарлотесвил“, а потоа им донирал пари од својата компанија „МГМ Гранд“ на екстремните левичарски групи за граѓански права и муслимански групи. Чудна e и партиска одлуката тоа да го направи со средства од компанијата и пари од акционерите.

Тие работи стануваат многу полоши. Џејмс Мирен донирал пари од акционерите на МГМ-организацијата ЦАИР (Фондација на американските-исламски односи), кои од страна на одделот на правосудството е прогласена како котерористичка група за муслимански тероризам.

ФБИ ги разоткри графиконите што покажале дека ЦАИР е создадена да ја поддржува палестинската терористичка организација Хамас. ЦАИР ги советува муслиманите да не соработуваат со ФБИ. Многу официјални лица на ЦАИР, но и соработници, се осудени за џихадистички терористички активности.

Либералниот демократски сенатор Чарлс Шумер еднаш изјави: „ЦАИР има врски со тероризмот и интимна врска со Хамас“.

Зошто претседателот на управата ја врзал својата компанија со муслимански тероризам? Секој претседател би морало да биде слеп, глув или глуп за да се врзе со организацијата ЦАИР. Тој би морал да знае дека неговиот контроверзен избор е навредлив или да истера милиони од своите купувачи, со избирање на групата што е толку екстремна“, изјави Вејн Алин.

Тие работи стануваат уште полоши

Всушност, Џејмс Мирен, претседател на управата на хотелските синџири Мандалеј Беј/МГМ Реортс Интернатионал, исто така е член на советодавниот одбор на државната безбедност. Тој е одговорен за носењето закони и прописи што имаат врска со безбедноста и технолошката инфраструктура, како што е рендгенската проверка на јавни места.

Зошто претседателот на управата на хотелот „Мандалеј Беј“, кој беше место на страшниот масакр, со пари од активните членови на советодавниот одбор на државната безбедност, донирал милиони за терористичките групи? Тоа не е нормално, луѓе!

Џејмс Мирен, исто така ги продал и повеќето од своите акции од компанијата МГМ Гранд (во вредност од 13,7 милиони долари) неколку недели пред масакрот во неговиот хотел. Можете да ја видите историјата на неговите трансакции на Јаху Финансии.

 

 

Ќе ви се допадне