Американскиот изборен спорт меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден многу наликува на грчка трагедија. Како што се случува во грчките трагедии, кога заплетот ќе им дојде до точка во која изгледа нерешлив, се појавува deus ex machina, односно неочекувана сила, која решава нерешлива работа. Така и во американскиот изборен спор, тој deus ex machina, би можел да биде Врховниот суд во САД.
Кандидатот на демократите Џо Бајден, прогласи победа на претседателските избори, додека Доналд Трамп, најави правна битка, за да докаже дека тој победил.
Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, наведе дека три клучни работи се најважни за оваа правна битка. Неможноста набљудувачите да ги проверуваат гласачките ливчиња, кои пристигнувале преку пошта, антидатирањето на гласовите испратени преку пошта и гласањето на „мртвите души“.
Трамп веќе во првиот ден по изборите, кога по изборната ноќ било јасно дека ќе се случи пресвртот, односно, дека од солидната негова предност во голем број држави, ќе дојде до ситуација во која Бајден ќе води и таму каде што никој не очекувал, најави дека ќе се обрати до Врховниот американски суд.
Дали Трамп веќе имал подготвена таква стратегија за случај, да се настане, она што тој го нарекува „изборна кражба“, или дека гласовите кој ќе стигнат преку пошта, ќе бидат против него, засега не е познато.
Но, она што е познато е дека Трамп од самиот почеток беше против тоа, голем број држави да ги променат изборните правила, поради воспоставувањето на епидемиолошките мерки за време на пандемијата со коронавирусот.
Многу држави, за време на пандемијата, ги променија изборните правила за, на избирачите им се овозможи да не мораат да доаѓаат на избирачките места, односно, да можат своите гласови да ги испратат преку пошта. Тие гласови можеле да се испратат пред, но и на денот на изборите, односно на 3. ноември, доколку стигнат во рок од неколку дена.
Токму тој рок би можел да биде јажето над бездната, за кое Трамп би можел да се фати и да се спаси. Републиканците на Трамп, поднеле жалби на таквите одлуки уште пред изборите во голем број држави, а некои од нив, стигнале и до Врховниот суд во САД.
Пред изборите, Врховниот суд на САД, во некои од случаите потврдил дека е можно продолжување на рокот, во некои, како што е случајот со Алабама, одлучено е да нема гласање преку пошта, иако таа опција безусловно дозволува на 27 држави во САД, додека 21 бара оправдување на гласачите. Така на пример во некои држави потребно е гласачите да ги заверат своите гласови со потписи на сведоци или кај нотар, за да не дојде до никакви злоупотреби.
Она што не му оди во прилог на Трамп, кога е во прашање Врховниот суд, се двете одлуки кои се однесуваат на државата Пенсилванија.
Врховниот суд минатата недела гласаше 4-4 (Врховниот суд има девет судии), на барањето тие држави да го продолжат рокот за пристигнување на гласовите.
Во претходното гласање, кога е одобрен првиот рок за дополнително пристигнување на гласачките ливчиња, резултатот бил 5-3.
Како што професорот по право на Универзитетот Кентаки, Џошуа Далгас, изјавил за CBS news, тоа би значело дека конзервативните судии испратиле сигнали дека нема да се противат на расправата пред федералното правосудство, по прашањето на изборите.
Инаку во Америка се смета дека Врховниот суд во моментов има шест конзервативни судии, блиски на републиканците на Трамп и тројца либерални, блиски на демократите на Бајден.
Другата одлука е донесена по изборите. Републиканците од правосудството во Пенсилванија, побарале да бидат иземени од вкупниот резултат, гласовите кои стигнале по изборниот ден, нешто што е одбиено. Но, тогаш Врховниот суд донесе привремена одлука тие гласови да бидат одвоени и посебно се избројат до носењето на конечната одлука.
Таквата привремена одлука ја донел судијата Семуел Алито, кој претходно беше заговорник Врховниот суд да мора да се одреди по прашањето на гласањето преку пошта.
„Беше многу пожелно да се провери уставноста на одлуката на државните судови кои ги потврдија промените на изборните правила. Тоа прашање има национална важност и постои голема веројатност тие судови во државите го имаат прекршено федералниот Устав“, изјавил Алито.
Доколку Врховниот суд во САД, ги исклучи од броењето гласачките ливчиња кои во Пенсилванија стигнале по изборниот ден, тоа би можело да има големо влијание и на другите држави, а особено на оние во кои таквите гласови направиле целосен пресврт на изборите.
Имено, во САД, на сила е англосаксонскиот правен систем, заснован на преседан на правото. Таа пресуда тогаш би била силен аргумент за тимот на Трамп да поднесе тужба и до другите спорни држави и врз основа на неа да се заснова барањето, дополнително пристигнатите гласови бидат сметани за нелегални.
Ова нема да биде првпат Врховниот суд индиректно да одлучува за тоа, кој всушност ќе биде победник на изборите. Ваков случај настана и на изборите во 2000 година, кога Џорџ Буш помладиот го победи Ал Гор.
Тогаш судот на Флорида одлучи, повторно да се пребројат 61.000 гласачко ливче, кои избирачките машини не ги пребројале. Буш се пожали до Врховниот суд на САД, кој ја оспори одлуката на судот од Флорида и ги прифати првобитните резултати.
На тој начин, Буш освои 25 електори (гласачи) од Флорида и стигна до бројката од 271, со што стана и претседател на Америка.