НИЕ СМЕ РОБОВИ, ГО ГЛЕДАТЕ ЛИ КАФЕЗОТ? – Одгледувањето на луѓе стана најпрофитабилен занает и го достигна својот врв

Ова е приказна за нашето робство, како станавме робови, и како конечно ќе се ослободиме.

Како и сите животни, човечкото суштество сака да доминира со ресурсите со кои е опкружен и истите да ги експлоатира. На почетокот воглавно човекот ловел, но потоа во нашите умови се случило нешто магично и ужасно.

Сме почнале како и животните, да се плашиме од смртта и губитокот. Тоа веќе станало почеток на голема трагедија и уште поголеми можности…

Гледате, кога сме почнале да се плашиме од смртта, почнале влошувањата во нашите животи и заробеништвото, сме станале склони на контролирањето, што станало повредно од кој било друг ресурс.

Најголемиот ресурс за некои човечки суштества, не е контролата на природните ресурси, алатот, животните или земјата, туку контролата над другите човечки суштества.

Можете да ги уплашите животните со болка, но не можете да ги уплашите со ускратување на слободата, ниту со мачење, затоа што тие немаат чувство за утре.

Не можете да им се заканите на кравите со мачење, ниту на овците дека ќе ги убиете. Не можете да мафтате со меч покрај дрвото и да викате на него, за тоа да создаде уште повеќе овошки, ниту да барате од земјата повеќе пченица. Не можете да добиете повеќе јајца, така што ќе им се заканите на кокошките, но можете да добиете уште јајца, ако му се заканите на човекот кој ги одгледува кокошките.

Одгледувањето на човекот, стана најпрофитабилно и најдеструктивно занимање низ историјата, и сега го стигна својот врв. Човечкото друштво не може рационално да го разбере тоа, се додека не се види каков навистина е: низ фармата каде луѓето одгледуваат човечка стока.

Некои луѓе, лесно ќе се продадат, со самото тоа што властите ќе им овозможат здравствено осигурување, вода, образование и патишта, но тие само ја одржуваат својата стока.

Некои пак, се збунуваат со тоа што им е допуштена извесна слобода, но фармерите само го осигуруваат просторот за стоката, која на тој начин ќе даде повеќе месо или млеко.

Данокот за земјоделците во вашата држава, не го интересира стоката и нивната слобода, туку зголемениот профит.

Постојат четири главни фази на одгледување на луѓето:

ПРВА ФАЗА: Директното и брутално ропство во древниот Египет

Првата фаза, ропството во древниот Египет преставува директна и брутална принуда.

Човечките тела се контролирани, но креативната продуктивност на човечкиот ум излезе надвор од дометот на камшикот и синџирите. Робовите биле неверојатно непродуктивни и барале многу ресурси за одржување.

ВТОРА ФАЗА: На римските робови им било дозволено да ја покажат дозата на генијалност

Втората фаза бил римскиот модел, каде на робовите им било допуштен извесен капацитет на слобода, генијалност и креативност, нешта со кои се подигнала продуктивноста.

Со тоа се зголемувало богатството на Рим, а со самото тоа и приходите од данокот за римската власт.

Со тие дополнителни богатства, Рим станал царство, а уништувајќи ја економската слобода, која ја хранела неговата моќ, довело до нејзино пропаѓање.

Ве потсетува ли вас тоа на нешто?

ТРЕТА ФАЗА: Феудализам

По падот на Рим, моделот на феудализам го воведе концептот на сопствеништво над стоката и оданочувањето. Наместо да бидат под директно сопствеништво, селаните и кметовите ја обработувале својата земја, додека можеле да ги исплатат своите локални сопственици на земјиште.

Овој модел пропаднал поради контиминираните поделби на продуктивните фарми и е уништен во текот на движењето на Индустријализацијата, при што земјата е обединета, и на стотина или илјадници кметови, им било земено земјиштето од нивните предци, затоа што со новите техники им се овозможила поголема продуктивност на фармата со помалку луѓе.

Зголемената продуктивност во средниот век, создаде вишок на храна која е потребна за проширување на градовите, со што настана модерен демократски модел на владеење над луѓето.

Поради тоа што раселените селани и кметови избегале во градовите, големи залихи на ефтиниот човечки капитал станале достапни во индустриите во развој, а владејачката класа со човечките фармери, сфатила дека може повеќе да заработи, ако допушти својата стока го одбере своето занимање.

ЧЕТВРТА ФАЗА: Демократски модел

Под демократски модел, директното сопствеништво на робови е заменето со моделот на мафија. Мафијата ретко поседувала директен бизнис, па наместо тоа, ги испраќала своите насилници еднаш месечно, да крадат од „сопствениците“.

Сега на вас ви е дозволено да го обработувате земјиштето, поради што вашата продуктивност е зголемена, па со стамото тоа и данокот кој го плаќате на своите господари.

Вашите малубројни слободи, сега се одржуваат, затоа што носат профит на вашите сопственици.

Голем предизвик за демократскиот модел е што со зголемувањето на богатството и слободата се заканува на даночниците. Владејачките класи првично профитираат од релативно слободниот пазар на капитал и труд, но како што човечката стоак станува навикната на својата слобода и растот на богатството, таа почнува да се прашува, што ќе и е воопшто владетел?

Никој никогаш не рекол дека одгледувањето на луѓето ќе биде лесно.

УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКАТА СТОКА

Одржувањето на човечката стока е процес во три фази.

Фаза1.: Индоктринација – индоктринирањето на младите низ „образованието“. Како богатството на демократските држави растело, морало да бидат воведени школи, за да се контролираат мислите и душите на стоката.

Фаза2.: Поделбата – во друга фаза, граќаните се вртат еден против друг низ креирањето на зависен добиток. Тешко е да владеете над човечките суштества со сила, а дури и таму каде тоа се применува, продуктивноста останува многу мала, како на пример во Северна Кореја. Човечките суштества не се размножуваат ефективно во директното заробеништво. Ако човечките суштества веруваат дека се слободни, тогаш ќе произведат многу повеќе за своите фармери.

Најдобриот начин да се одржи оваа илузија на слобода, е да стоката се стави на платниот список на фармери.

Тие крави кои ќе станат зависни во постоечката хиреархија, потоа нападнат која било друга крава, укажуваат на насилие, хипокризија и неморалност на човечките власти.

Слободата е робството, а робството е слобода.

Ако можете да ги натерате кравите да се нападнат меѓусебно, секој пат кога некоја од нив ќе ја спомене реалноста на својата ситуација, тогаш ќе морате да трошите, ни поблиску од она колку би трошеле за да директно ги контролирате.

Онаа крава која ќе стане зависна од украдените дарежливости на фармерот, насилно ќе се противи под било какво преиспитување на целомудрието на човечката власт.

Човечката стока останува затворена, со префрлање на моралната одговорност за деструктивноста на насилниот ситем на робство, на оние кои ја бараат вистинската слобода.

Фаза 3.: Став – третата фаза треба да измисли контролирана надворешна закана, така да уплашената човечка стока ќе стане зависна од „заштитата“ на човечките фармери.

На овој систем на човечко одгледување сега му се ближи крајот

Кога стоката ќе стане експоненцијално продуктива, ќе порасне бројот на фармери и нивните зависници.

Растот на државата секогаш е пропорционален на претходната економска слобода.

Економската слобода создава богатство, а богатството привлекува повеќе крадци и политички паразити, чија алчност потоа ја уништува економската слобода.

Со други зборови, слободата е метастаза на раката на државата.

Власта која почнува од најмалку, секогаш на крајот ќе заврши како најмногу.

Токму затоа не постои одржлива алтернатива на вистинската слобода и мирно општество… општетво без политички владетели, без сопствеништво над луѓето, без насилие и данок…

Да се биде навистина слободен е истовремено многу силно и многу тешко.

Ние го избегнуваме ужасот на нашето робство, затоа што е премногу болно да го следиме директно.

Да се види фармата, значи да се напушти.

Сепак, многу од нас само не држат во кафези, кои одбиваме да ги видиме. Разбудете се…

Scroll to Top