Никој повеќе не сака да шпионира за ЦИА

ЦИА денеска има повеќе проблеми со регрутацијата на Русите, во однос на периодот од советското време. Овие години има недостаток на Руси кои се желни да ги издадат тајните на својата земја, за Американците.

Милтон Бирден, поранешен агент на ЦИА кој во Пакистан ги обучувал муџахедините за борба против Советите во Авганистан, истакнал дека се потешко е да се регрутираат Руси кои имаат информации, во однос на периодот од Советскиот сојуз.

За време на советската ера, ЦИА се ослонувала на доброволци кои на драго срце би им ги издале тајните на американските официјални служби, но сега базенот полн со Руси, кои се желни за предавство пресушил.

Не е сосема јасно зошто тоа е така, но Бирден сугерира дека со оглед на претходното советско и руско продирање во американските известувачки служби, можно е стравот од загрозенот да ги одвлекол голем број на Руси.

Тој сугерира дека руската перцепција за САД е до толку влошена што дури и руските либерали завземаат мрачен став по прашањето на Вашингтон, нешто поради кое регрутацијата на шпиони станува исклучително тешка.

Што повеќе, голем број на Руси, кои ја издале својата влада во претходните ери, повеќе не се чувствуваат подготвени да ризикуваат затвор или бидат егзекутирани, работејќи за ЦИА.

Но, во информациона доба, каде преовладува биометријата и социјалните медиуми, добата на регрутирања на традиционлани човечки известувачки извори е готова.

Биометриските податоци во суштина значат дека не може да се стави некој под заштита во Вашингтон, а потоа да го испратите да патува низ светот и да делува под дипломатско покритие и да регрутира луѓе. Тоа не функционира така. На шпионите иднентитетот веднаш им е познат на владите кои сакаат да знаат кој се тие.

Руската Федерација 85% е руска, а не 50% како што беше во периодот на СССР. Човекот кој ја откри советската програма за биолошко оружје на Америка се вика Канатџан Алибеков.

Внатрешната русофобија е во опаѓање. Ова може да се забележи и меѓу либералите.

Кога советскиот систем постоел, многумина од луѓето биле со силна идеолошка опозиција кон режимот, како што е Василиј Митрокин, кој сокрил огромни парчиња од архивата на КГБ, а подоцна ги префрлил во Велика Британија.

Кога тој систем се срушил, а во отсуство на други позитивни (националистички) вредности, а притоа имајќи го во предвид и нивното сузбивање под стариот режим, заменет со чист материјализам, имате огромен пораст на предавство во текот на доцните 1980-те и 1990-те години.

Овој фактор на материјализам бил нагласен со чиста материјална сиромаштија во која Русија упаднала во текот на 1990-те години. Продажбата на тајни за убава приградска куќа во Калифорнија имала многу повеќе смисла кога сте сиромашен државен службеник кој живее без плата и по неколку месеци, а потоа добивате прилагодена плата од 2000 долари, живеете во убав модерен стан и поседувате возило. А притоа можете да патувате во Турција, или на Крим неколку пати годишно.

Наспроти тоа, додека анти-советските дисиденти можат веродостојно да замислат дека ја предале идеологијата, а не сопствениот народ, ова станало се повеќе и повеќе неизводливо, затоа што наклоноста на западната етно-русофобија прави целосен пресврт.

Уште еден фактот би можел да причина за опаѓањето на компетенцијата меѓу западните агенти кои се фокусираат на Русија. Странските кадри кои се занимаваат со Русија, се се повеќе некопетентни, па Русите едноставно не ги прифаќаат.

 

Scroll to Top