Нил Де Грас Тајсон тврди дека астероид ќе удри во Земјата, еден ден пред американските избори

By

Астероид со големина на фрижидер ќе удри на Земјата, еден ден пред изборите во Америка, кои треба да се случат во ноември. Ова го тврди познатиот научник Нил Де Грас Тајсон. Тајсон вели дека астероидот нема да е доволно голем, за да нанесе сериозна штета.

Познатиот астрофизичар изјавил дека вселенската карпа, позната како 2018VP1, е со големина на фрижидер се движи кон Земјата со брзина од 25.000 милји на час. Тој можеби ќе удри во планетата на 2. ноември.

„Астероидот може ќе удри во Земјата на 2. ноември, ден пред претседателските избори“, напиша Тајсон на „Инстаграм“.

Тој додал дека летачкиот објект не може да ја уништи Земјата, затоа што не е доволно голем да нанесе штета. Тајсон вели дека ако Светот заврши во 2020 година, тоа нема да биде по вина на вселената.

НАСА и претходно идентификувала ракетирање на астероиди кои завршуваат во Земјата, но шансите за удар кој целосно ќе ја уништи планетата се помали и од 1%.

„Во моментов има 0,41 проценти шанси, астероидот да влезе во атмосферата на нашата планета, а ако влезе, ќе се распадне поради неговата мала големина“, изјавиле од вселенската агенција.

 

Ќе ви се допадне