Најголемата и најбизарната мигрантска криза во историјата конечно заврши. Новак Ѓоковиќ, дехидриран и видно исцрпен од малтретирање на тешката австралиска граница, се врати во Србија, вели водителот Зоран Шпрајц во својата информативна емисија „Директ“ на хрватската РТЛ.
„Ноле остана без виза, а можно е да остане без пари, но и без гаќи. Затоа што пристигнува веста дека нема да може да игра ниту на Ролан Гарос бидејќи е невакциниран, а неговиот главен спонзор Лакост веќе најави дека ќе мора да разговара со него околу случувањата во Австралија“, вели Шпрајц.
Интересно е што првото заштитно лице на Лакост беше крокодилот Данди, кој потекнува од Австралија, па многумина се сомневаат дека станува збор за гуштерско-кенгурска коалиција.
„Единствено воздивнаа гостите во хотелот во кој изминативе денови престојуваше Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, кои велат дека конечно не мора да слушаат ‘Ужичко оро’ дење и ноќе“, заклучува водителот.