Новинар на Би-би-си ја уценувал Дијана да ѝ направи интервју во кое таа ја откри аферата на принцот Чарлс со Камила

Новинар на Би-би-си ја уценувал Дијана да ѝ направи интервју во кое таа ја откри аферата на  својот сопруг, принцот Чарлс, со Камила.

Поранешната принцеза Дијана била принудена да го направи интервјуто за Би-би-си, во кое таа ја открива вистината за бракот и за односите со својот тогашен сопруг, принцот Чарлс. Ова се открива во новиот документарец за поранешната принцеза, The Truth Behind the Interview.

Во документарецот се открива дека водителот Мартин Башир, кој тогаш го водел интервјуто, направил лажни документи, од кои можело да се види како поранешен член од тимот на Дијана бил платен за да открива детали од кралскиот двор и за кралското семејство.

Мартин ја уценувал Дијана со овие документи за таа да го направи интервјуто со него. Би-би-си овие тврдења ги има истражувано уште во времето кога првпат излегоа во јавноста. Дијана додека беше жива ги негираше ваквите обвинувања и ги карактеризира како невистини.

Таа дури и потпишала изјава кога се појавила споменатата тужба дека не била принудена да го направи интервјуто со цел да ги отфрли сите сомнежи. Писмото што Дијана го потпишала набргу подоцна исчезнало поради што никој денеска не ја знае вистината.

Интерните податоци на Би-би-си од тој период посочуваат дека принцезата писмено потврдила дека документите со кои Мартин ја уценувал не одиграле никаква улога во нејзината одлука да го даде интервјуто.

Но, Би-би-си повеќе не ја поседува ваквата белешка ниту, пак, има нејзина копија. Но, нејзиното постоење е документирано во евиденцијата.

За потсетување, во тоа интервју Дијана говорела за крахот на нејзиниот брак со принцот Чарлс, кој во тоа време бил со Камила. Иако биле љубовници, аферата на Чарлс стана медиумска сензација, дури кога Дијана јавно проговори за тоа.

Токму поради таа причина, Камила до ден-денес се смета за една од најомразените членови на кралското семејство. Голем број од обожавателите и понатаму не може да се помират со фактот дека Дијана починала несреќна поради сето тоа што ѝ се случувало во кралското семејство.

Две години пред нејзината смрт таа одлучила да седне на столчето на Би-би-си и да ја раскаже вистината.

„Во тој брак нè имаше тројца и беше метеж“, беше познатата реченица што Дијана му ја кажа на новинарот Мартин Башир. Денес, 25 години по познатото интервју, во споменатиот документарец се тврди дека Дијана била принудена да го одработи тоа.

Иако Дијана почина во 1997 година, за неа и понатаму се говори во јавноста. Во последно време голем број документарни филмови излегуваат за неа инспирирани од нејзиниот живот.

Додека се чека делото на „Нетфликс“, во документарниот филм Diana: The Truth Begind the interviw принцезата открива детали за своето најпознато интервју дадено за Би-би-си, кое ги открива деталите за односот меѓу неа и принцот Чарлс.

Scroll to Top