Новинарката на CBS, Аткинсон: Масовните медиуми лажат

Единствена цел на медиумите е луѓето да ја дознаат вистината.

Во 1983 година околу 50 корпорации ги контролирале повеќето медиуми кои емитувале вести на територијата на САД, а кои дополнително ги испраќале вестите во целиот свет. И таа бројка е исклучително мала со оглед на тоа што медиумите навистина би требало да бидат независни затоа што од нив зависи нашата претстава за реалноста.

Денеска бројот е намален, но, најверојатно,  шест исклучително моќни корпорации го контролираат поголемиот дел од она што светот го чита, гледа, слуша и следи. Тие поседуваат буквално сè: ТВ-sтаници, филмски студија, весници, интернет-портали, блогови и друго.

Без оглед на тоа што никогаш не постоел поголем избор на содржини, сопствеништвото никогаш досега не било кај толкав мал број луѓето, а  кога медиумите се во прашање, тоа е исклучително опасно.

Знаењето е моќно оружје, како и незнаењето, кое всушност е главна алатка за манипулација.

Шестe корпорации кои владеат со медиумите во САД се: Time Warner, Walt Disney, Viacom, NewsCorp Rupert Murdocha, CBS и NBC Universal. Но, и малиот простор кој не го контролираат овие шест корпорации сè повеќе се концентрира во мал број раце.

Ова го потврди и поранешната истражувачка новинарка на CBS, Шарлин Аткинсон, ветеранка во истражувачкото новинарство, која јавно откри дека  преку лажните проекти многу ефикасно се манипулираат и се искривуваат медиумските пораки, а со тоа се лажира реалноста.

Станува збор за програмирање и лаги на кои се изложени сите луѓе во светот.

На едно свое предавање таа на студентите им ја објаснила „перверзната“ идеја на манипулација со која владеат медиумите.

Таа објаснила дека има повеќе начини на манипулирање, но дека се работи на ист принцип за да се сокрие вистината. Го земала примерот со вакцините и нивната поврзаност со aутизмот и објаснила дека медиумите намерно пласираат различни студии и ја „бомбардираат“ јавноста со бројни информации за на крајот луѓето да кренат раце од вистината.

Таа споменала дека станува збор за спинови со кои се менува мислењето на целото човештво, особено кога е во прашање тема или интерес на висока политика со која всушност може да се промени светот ако се промени мислењето на јавноста. Со други зборови, објасни како медиумите во соработка со корпорациите ја манипулираат јавноста, како и дека може да го менуваат мислењето по нивна волја, што е исклучително опасно затоа што може луѓето да не се свесни дека секојдневно се изложени на стратешка манипулација со нивните ставови и уверувања.

 

 

Продолжува

Scroll to Top