Од 2018 Франција воведува задолжително вакцинирање – Невакцинираните деца ќе бидат одземени

Франција донесе нов закон, според кој ќе се бара да сите деца задолжително да примаат вакцини од 2018 година, па понатаму во иднина. Во спротивно родителите ќе се соочат со нивно одземање.

Родителите во Франција ќе бидат законски обврзани да ги вакцинираат своите деца, со опасни хемикалии, па истото тоа ќе следува во Италија, каде децата исто така ќе можат да бидат присилно одземени од родителите, ако останат невакцинирани, кога ќе тргнат во школо.

Indipendend.co.uk, го извести францускиот премиер Едоуар Филипе, дека е „неприфатливо“, да децата „и понатаму умираат од мали сипаници“, во земји каде некогаш вакцините биле измислени.

Три вакцини за деца против дифтерија, тетанус и детска парализа, во моментов се обврзувачки во Франција. Втората, вклучувајќи ја и онаа против хепатитис, и пертусис, едноставно се препорачуваат.

Најавувајќи ја политиката, господин Филипе ја евоцираше во име на Луис Пастеур, француски биолог кој направил промена во истражувачките болести и ја развил првата вакцина за беснило и антракс во 19 век.

Тој изјави дека сите вакцини кои универзално се препорачени од страна на здравствените тела – вкупно 11 – ќе бидат обврзувачки. Овој потег следи по сличната иницијатива во Италија, која неодамна забрани невакцинираните деца да одат во државни школи. Светската здравствена организација предупреди на епидемија на големи сипаници, која се шири низ Европа, и покрај достапноста на безбедните вакцини.

Движењето против вакцинацијата, на чии следбеници се познати како „anti-vaxxers“, придонесоа за ниската стапка на имунизација против високо заразните болести во голем број на земји.

Неодамнешната анкета откри дека повеќе од тројца, од десет Французи, не веруваат во вакцините, а само 52% на испитаниците, говорат за предностите на вакцините кои ги надминуваат ризиците.

79 од случаите на мали сипаници се пријавени во Франција во првите два месеци во 2017 година, воглавно поради избивањето на 50 случаи во североисточниот регион Лораин, во склоп на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите.

Меѓу почетокот на 2008, до крајот на 2016 година, повеќе од 24.000 случаи на мали сипаници се забележани во Франција, покажуваат службените податоци. Од таа бројка, 1500 имале сериозни компликации, што резултирале со 10 смртни случаи.

Вакцините не се обврзувачки во Велика Британија, а околу 24.000 деца годишно во Англија не се вакцинирани против мали сипаници, заушки и рубеола.

Стравот кој во моментов ги опкружува комбинираните инокулации на вакцини, познат под името MMR вакцината, за три заразни болести, произлегува делумно од дискредитираните студии, кои тврдат дека вакцините имаат врска со аутизмот.

Податоците за истражување, извршени во медицинското списание „The Lancet“ пред речиси 20 години од страна на дискредитираните поранешни истражувања, сега ја побиваат таа теорија.

Цената на пакет цигари во Франција, исто така ќе порасне од 7 на 10 евра, во втората јавно-здравствена мерка, која ја најави господин Филипе.

Scroll to Top