Конзервативниот радио водител од Флорида, Марк Берниер, кој беше жесток противник на вакцинацијата против коронавирусoт, почина од ковид 19. Берниер почина по тринеделната битка со опасниот вирус, а веста за неговата смрт беше објавена на неговата страница.
„Со голема тага WNDB објавува дека умре Марк Берниер, кој информираше и ги забавуваше слушателите повеќе од 30 години“, беше објавено на страницата од Дејтон Бич.
Берниер имаше само 65 години. Тој се зарази пред три недели, а себе си се нарекуваше господин антивакс и знаеше понекогаш да рече дека американската влада се однесува како нацистите со тоа што ги присилува луѓето да се вакцинираат.
Осум дена пред неговата смрт, почина и Фил Валентајн, 61 годишниот радио водител од Тенеси, кој на почетокот се исмеваше на вакцините против коронавирусот, но, потоа го промени мислењето откако се разболе од короната со која се бореше месец дена.
Предоцна се предомисли и Дик Фарел, поранешен коментатор на „Њузмакс“ и загрижен антиваксер. Тој беше радио водител од Јужна Флорида, а умре на 6. август исто така на 65 години. На слушателите често им велеше да не се вакцинираат, нарекувајќи ја пандемијата измама.
И Фарел и Валентајн, како што им се влошуваше состојбата, ги повикуваа пријателите и фановите сепак да се вакцинираат и изразија жалење што и самите тие не го сториле тоа.