Од отров за глувци, па до предозирање, смртта на некои од славните личности до ден денес остана голема мистерија

Многу познати личности од светот на музиката, филмот, па дури и политиката, починале под неразјаснети околности и до ден денес нивната смрт не е откриена и останува да биде мистерија.  Меѓу нив се Мајкл Џексон, Мерлин Монро, Брус Ли, и други.

До ден денес приказната за смртта на Мерлин Монро е актуелна и за истата постојат голем број на теории на заговор. Се пишуваше дека таа во 1962 година се самоубила, а нејзиното досие од тогаш останало запечатено како голема тајна.

Мерлин се борела со алкохолизмот и депресијата. Нејзината смрт е толкувана како самоубиство, затоа што во телото и се најдени голем број на лекови кои таа ги земала прекумерно. Многумина денес веруваат дека оваа смрт била вешто диригирана од страна на тогашниот државен врв.

Нејзин љубовник бил тогашниот американски претседател Џон Кенеди, а се плеткала и со неговиот брат Роберт.

Еден од неразјаснетите смртни случаи е и на глумицата Натали Вуд. Таа има три номинации за Оскар, пред да наполни 25 години. Натали за време на снимањето на филмот Brainstorm во 1983 година, заминала на крстарење со нејзиниот сопруг Роберт Вагнер и Кристофер Волкен. Следното утро по забавата, нејзиното тело било најдено на неколку километри оддалечено од бродот. Никој не знаел како таа завршила таму. Смртта е толкувана како несреќен случај поради големите количини на дрога и алкохол најдени на бродот, како и во нејзиното тело. Денис Дравен, капетанот на бродот во 2012 година, тврдел дека станува збор за убиство, што се поклопувало со модриците на нејзиното тело.

На листата со неразјаснети смртни случаи се наоѓа и името на Брус Ли. Тешко е денес да постојат филмови со кунг фу, ако не беше тој. Ли користел сопствена техника и вештина за време на снимањето на филмовите за да го постигне ефектот на што поголема реалност, која во тој период ја немало на големото платно. Сепак во мај 1973 година, Ли имал специфични напади и тешки главоболки додека снимал во Хонгконг, па морал да оди во болница. Подоцна истата година, истите симптоми повторно се јавиле кога глумецот бил во посета на еден пријател.

За да му помогне на Ли, тој му дал лек против болки за кои глумецот имал рецепт и кои му биле препишани, но по земањето на истите, тој никогаш не се разбудил.

За смртта на светскиот познат пејач Мајкл Џексон се зборуваше долго време. Се развија различни теории на заговор за тоа како тој бил убиен. Кралот на поп музиката почина во 2009 година, од специфично труење, но,пред тоа имал сериозни срцеви тегоби.

Конрад Мареј кој му бил негов личен лекар, помина четири години отслужување на затворска казна поради сомнение дека се обидел да го убие славниот музичар, но, сите постоечки докази воопшто не се совпаѓале. Конард тврдел дека Џексон самиот ги земал лековите за смирување, повеќе од една деценија, затоа што имал проблеми со несоница.

Глумицата Британи Марфи исто така е на оваа листа. Таа имала само 32 години кога починала. Иако од нејзината смрт поминаа речиси десет години, околностите под кои таа починала и понатаму се неразјаснети во целост. Таа била најдена без свест во своето купатило. Мајка ѝ веднаш повикала итна помош, но, за Британи немало спас. Иако официјалната обдукција покажала дека станува збор за хронично воспаление на белите дробови и срцев удар, тоа и денес е ставено под знак прашалник. Многумина се сомневаат дека нејзината смрт е наместена.

Само пет месеци од нејзината смрт, починал и нејзиниот сопруг, исто така од срцев удар. Тоа ги натерало најблиските членови од нивните семејства да се запрашаат што се случува. Нејзиниот татко смета дека нејзината смрт била наместена и дека Британи била убиена со отров за глувци и дека била убиена по наредба на владата. Британи наводно го поддржувала Џулија Дејвис, која давала изјави против Министерството за внатрешни работи и поседувала компромитирачки документи.

„Никогаш немам видено вакво нешто. Толку тешки метали во телото. Никогаш го немам видено тоа кај некоја личност и фактот дека истата работа се случила кај двајцата, отвора големи број прашања“, рече Сирил Вехт, еден од луѓето кои работел на расветлување на смртта на младата глумица.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top