Орбан: Европа е пред историска задача, зар Божиќ да го славиме зад спуштени завеси

Оваа година европските земји се пред историска задача, да ја одбранат христијанската култура, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор за весникот „Маџар Идок“, во текст објавен во саботата, пренесува унгарската новинска агенција МТИ.

„Унгарците ги имаат сите права себеси да се гледаат како христијанска нација“, изјави Орбан и додал дека „Факт е дека сме христијани и нашата жива вера нè одржала во средиштето на Европа повеќе од илјадници години“.

Многумина од нас се обидуваат да критикуваат кога ќе слушнат дека луѓето кои се изјаснуваат како христијани не ги пуштаат луѓето од другите делови да имигрираат во Европа, но христијанската заповед „сакај го ближниот како себеси“, значи и „обврзи се и чувај го тоа што си“, изјави Орбан.

Европејците сметаат дека христијанската култура е извор на нивната гордост и сила, а христијанската култура ги дефинира нивните секојдневни вредности, изјави Орбан.

„Таа го дефинира нашето гледање на правдата и неправдата во природата, односот меѓу маж и жена, семејство, успех, работа и чест“, продолжи тој.

„Без оглед дали идеме во црква, не сакаме да го славиме Божиќ зад завесите за да не повредиме нечии чувства“, изјави Орбан.

„Не сакаме да ги преименуваме божиќните празници и сигурно не сакаме да ставиме бетонски пречки. Не сакаме на нашите деца да им ја скратиме радоста за Свети Никола и традицијата на дарување“.

„Нашиот начин на живот, нашиот темелен светоглед, е под таргетиран напад. Европскиот имун-систем намерно е ослабен. Сакаат да бидеме нешто што не сме. Сакаат да ни го одземат нашиот начин на живот и да го заменат со нешто што не е наш начин на живот“, утврди унгарскиот премиер.

„Сè почесто се слуша дека ЕУ го зацртала патот пред 60 години“, напомена Орбан, цитирајќи го поранешниот француски министер за надворешни работи и премиер Роберт Шуман дека „Европа треба да биде христијанска, или не треба повеќе да постои“.

„Во 2017 година европските земји се пред историска задача. Слободните европски нации, националните влади се избрани од нивните слободни граѓани и имаат нова задача, тие мораат да ја бранат христијанската култура“, изјави тој.

„Нашето почетно стојалиште секогаш било дека имаме право да ги живееме нашите животи. Кога имавме сили, го браневме тоа право. Затоа со години работиме на тоа Унгарија да ја направиме силна и повторно ја поставиме на сопствени нозе“, додал тој.

Орбан заклучи дека, додека е на власт, тој и неговата влада ќе работат да го одржат христијанството во Унгарија, како и дека ќе направи сè што е можно да ја одржи Европа  европска.

 

 

Scroll to Top