Кристијан Брукнер, главниот осомничен во случајот со исчезнатата Медлин Мекен, 23 часа дневно поминува во својата ќелија, а излегувањето надвор, му е дозволено само еднаш дневно.
Брукнер не смее да се меша со другите затвореници, а во својата ќелија наводно има телевизор и голема полица со документи, пренесува британски „Мирор“. Само еднаш дневно смее да излезе надвор и тогаш е сам во дворот.
Единствени луѓе со кои има контакт се чуварите и затвореникот со кого ја дели храната. На цртежот кој осомничениот го нацртал, а кој го видел германски „Билд“, се наоѓа кревет, маса и дел за полица во мала соба. Сите предмети се прицврстени за подот.
На црно-белиот цртеж се гледа записиот од судењето и поштата кои се наоѓаат на полицата, додека пред прозорот виси некаква завеса. „Билд“ пренесува дека на цртежот се гледа и тоалетот.
Брункер наводно претходно се жалел на скратените услови и побарал повеќе простор, но тоа барање му било одбиено.
Брункер во моментов служи седум години казна затвор во Кил во северна Германија. Минатиот месец беше објавено дека е осуден за сексуален напад на ќерката на поранешната девојка, во 2013 година, а исто така е прогласен и за виновен за силување на пензионерки на плажа во Португалија.
За потсетување, Брункер е главниот осомничен за киднапирањето на малата Медлин Мекен (3), која исчезна во 2007 година, за време на летувањето во Португалија со нејзините родители.
Тој живеел 15 минути оддалеченост од комплексот во кој девојчето било на одмор со семејството.