Американскиот милијардер Џеф Безос и вториот најбогат човек на светот, покрена неколку теории на заговор за можното кинеско влијание во САД, преку „Твитер“. Тој се огласи откако бородот на директори на социјалната мрежа ја прифати понудата на Илон Маск.
За потсетување, Маск го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари.
Безос пак чие богатство се проценува на 177,5 милијарди долари, сега ја коментираше можноста за цензура на „Твитер“. Основачот на „Амазон“ и сопственик на проектот „Блу Орџин“ и дневниот весник „Вашингтон пост“, ја сподели пораката на новинарот на „Њујорк Тајмс“ Мајкл Форсит.
Тој наведе неколку интересни факти поврзани со Илон Маск и Кина. Кина за компанијата на Маск „Тесла“ е вториот најголем пазар, по американскиот и најмногу батерии за електричните автомобили „Тесла“, доаѓаат окму од Кина.
Кина во 2009 година ја забрани употребата на „Твитер“ и практично остана без влијанието на оваа социјална мрежа. Сега тоа би можело да се промени со доаѓањето на Маск на чело на оваа компанија.
„Интересно прашање. Дали кинеската влада штотуку доби малку влијание во нашиот град?“, праша Безос на „Твитер“, а недолго потоа се предомисли и напиша уште една порака.
„Мојот одговор е дека веројатно не. Веројатно односот меѓу Тесла и Кина дополнително ќе се закомплицира, но тоа нема да допринесе цензура на „Твитер“.
Милијардерот додаде и дека времето ќе покаже дека Маск многу добро се снаоѓа во ваквите комплицирани ситуации. Како што пренесува „Фокс бизнис“, Безос со овие пораки ги покрена теориите на заговор за кинеското влијание поврзано со најавените промени на „Твитер“.