Откриена најмалата црна дупка која се наоѓа најблиску до Земјата

Астрономите мислат дека откриле толку мала црна дупка, што морале да смислат ексклузивна категорија во која ќе можат да ја класифицираат. Освен што е мала, оваа црна дупка се наоѓа и најблиску до земјата од сите други црни дупки.

Оддалечена е на околу 1500 светлосни години од нашата планета во соѕвездието „Ееднорог“ во Млечниот пат. Науниците велат дека имале среќа да откријат црна дупка која според досегашните податоци се наоѓа најблиску до Земјата од сите претходни.

Поради необичните својства и соѕвездието во кое е откриена, научниците од Универзитетот во Охајо, кој ја откриле, одлучиле да ѝ го дадат името „Еднорог“.

„Кога ги анализиравме податоците, едноставно искочи оваа црна дупка, „Еднорог“. Изгледа досега не ја откривме затоа што ги имавме спуштено астрономските ролетни“, изјавил астрономот Таринда Џајашингва.

Теориски, црните дупки можат да имаат различни маси. Тие можат да бидат од ситни до супермасовни џинови, кои го движат срцето на галаксијата. Но, кога станува збор за црните дупки, настанати со гаснење на јадрата на мртвите ѕвезди, астрономите со текот на годините, откриле некакви „масовни празнини“.

Ако една ѕвезда која за 2,3 има помала маса од нашето Сонце, згасне, тогаш општата теорија на релативитет вели дека таа ќе стане неутронска ѕвезда или бело џуџе, но, не и црна дупка. Донедамна, не е пронајдена ниту една црна дупка, помала од пет соларни маси.

Пред астрономите да успеат да ја пронајдат оваа мала црна дупка, тие речиси никогаш не ги земале за сериозно во предвид претходно откриетите црни дупки како оваа.

Така на пример, секогаш кога ќе забележале некаква сила која ги привлекува нештата во близина на џиновска црвена ѕвезда, тие ја отфрлале можноста дека можеби станува збор за мала црна дупка. Но, Џајашингва не гледал на тоа така. Тој гледа од поинаква перспектива.

Како студент на докторски студии, неговиот ментор му рекол дека можеби постојат и мали црни дупки. Тој веднаш сакал да ги истражи.

Анализирајќи ги податоците од различни телескопски системи и сателити, тој внимателно вниманието го насочил на црвениот џин во соѕвездието „Еднорог“, кој бил во последна фаза од животот.

Брзината на ѕвездата и начинот на кој гравитацијата ја вшмукувала, му сугерирало дека постои црна дупка околу неа која ја привлекува. Пресметал дека големината на овој мрачен и тивок сопатник, изнесувал приближно околу три сончеви маси.

„Како што гравитацијата на Месечината влијае на океаните на Земјата и ги привлекува и одбива од себе, произведувајќи плима и осека, така и црната дупка ја искривува ѕвездата во облик сличен на топка за рагби“, објаснува астрономот Тод Томпсон, кој бил член на тимот кој претходно ја открил малата црна дупка.

„Наједноставното објаснување е дека се работи за црна дупка, а во овој случај се испоставило дека наједноставното решение воедно било и нјаверојатно“, додава Томпсон.

 

Scroll to Top