Откриена нова планета со големина на Марс и слична на Меркур, каде денот трае 8 часа

Астрономите открија нова егзопланета чија површина би можела да биде составена од растопено железо, пишува „Индипендент“. Планетата е класифицирана како GJ 367b и се наоѓа на 31 светлосна година од Земјата. Таа е со пречник од 9000 километри и е со големина на Марс.

„Со прецизното одредување на нејзиниот полупречник и маса се покажа дека станува збор за карпеста планета“, рече Кристин Лам од Германскиот центар за воздухопловство.

„Изгледа има сличност со Меркур. Ова ја прави една од помалите копнени планети и го носи истражувањето чекор напред во потрагата по друга Земја“, рече Лам.

Годината на оваа планета трае помалку од 8 часа, што ја прави дел од групата на планети со ултракраток период, кои кружат околу својата ѕвезда за помалку од еден ден на Земјата.

Затоа што е толку блиску до ѕвездата, нејзината температура на површината би можела да достигне и до 1500 степени, што е повеќе од 500 пати во однос на Земјата.

„Веќе познаваме неколку од овие типови на планети, но, нивното потекло засега останува непознато“, рече Лам и доаде дека со прецизно мерење на основниот состав на планетата, можеме да добиеме информации за историјата на нејзиното формирање и еволуцијата на системот.

Истражувачите го одредиле нејзиниот полупречник и маса со висок степен на прецизност мерејќи ја нејзината радијална брзина и осцилација додека се движи кон Земјата и додека се оддалечува. На тој начин добиваат повеќе информации за нејзината внатрешна структура.

„Големата густина укажува на тоа дека на планетата доминира железото“, велат од Германскиот воздухопловен центар.

Тие навеле дека овие својства се слични на оние кои ги има планетата Меркур, со нејзиното несразмерно големо јадро од железо и никел кое се разликува од другите копнени тела во Сончевиот систем.

Scroll to Top