Управата за сообраќај на Министерството за внатрешни работи за Сибирскиот федерален округ, ги утврдила местата на кои рускиот блогер Алексеј Навални јадел пред летот. Тие веруваат дека Навални веројатно се заразил на некои од наведените места.
Тој јадел во ресторан во хотелот во Томск, во изнајмен стан во кој се состанувал со своите приврзаници. Пиел и кафе и алкохол на аеродромот.
Од Управата за сообраќај, велат дека предистражната проверка продолжува и понатаму и дека очекуваат наскоро да се откријат причините за труењето на рускиот опозиционер.
На 20. август на рускиот опозиционер Навални, му е слоши на летот од Томск за Москва. Авионот веднаш слетал во Омск, каде бил пренесен во болница. Навални во тие моменти паднал во кома, од која од неодамна се разбуди.
Лекарите му дијагностицираа метаболичко пореметување, кое било предизвикано од пад на нивото на шеќерот во крвта. Сè уште не е јасно што би можело да го предизвика ваквото пореметување, но во крвта и урината на Навлани, руските лекари не откриле отров.
Рускиот опозиционер подоцна е префрлен во Германија. Минатата недела, германската влада соопштила дека тој бил отруен со супстанца од групата на воени отрови новичок.
Москва упатила барање да се достават детални информации за резултатите и анализи од лабораторијата во Берлин, но досега не добила одговор.
Навални на 7. септември се разбуди од кома и беше тргнат од респиратор.