Отруениот шпион Сергеј Скрипал води до Хилари Клинтон, а не Путин

Обидот за убиство на Русинот Сергеј Скрипал, кој ја играл улогата на двоен агент во Велика Британија, е нешто што на властите во Москва најмалку им треба, особено во пресрет на претседателските избори овој месец.

Но, за британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, и за британскиот премиер Тереза Меј, нема сомнение. За овие двајца политичари, виновна е Русија и сметаат дека налогот го дал лично претседателот Владимир Путин.

Британски „Телеграф“ открива дека Сергеј Скрипал бил поврзан со Кристофер Стил, кој е автор на лажното досие за Доналд Трамп, и истовремено бил и британски шпион поврзан со групата „Фјужн“. Тој бил директно поврзан со Демократскиот национален конгрес на Хилари Клинтон и Соединетите Американски Држави.

Врската со Кристофер Стил се темели на фактот дека британскиот агент на агенцијата МИ6 бил и специјалист на Кремљ и како таков ѝ бил потребен на Хилари Клинтон за да се обиде да пронајде нешто што би го поврзало Трамп директно со Русите.

Сето тоа го отвора прашањето дали Скрипал е последната жртва на Клинтонови? Труењето е изведено крајно аматерски знаејќи дека британската влада и луѓето како Борис Џонсон ваквото дело веднаш ќе го квалификуваат како напад под покровителство на руската држава.

Ќерката на Скрипал живеела во Русија и се поставува прашањето зошто Русите чекале да се врати во Обединетото Кралство за да ја отрујат и неа?

Таквата глупост не би ја направил никој од руските шпиони, оперативци или припадници на некој од клановите за организиран криминал.

Порталот Gateway Pundit со право прашува: „Кој го отрул Сергеј Скрипал? Кој заработил пари од убиството? Русија ги отфрли обвинувањата за труењето, а рускиот министер за надворешни работи изрази негодување поради изјавата на британскиот врв дека Москва стои зад нападот и изјави дека Кремљ бил подготвен да придонесе и да помогне во истрагата, но се чини дека трагата води до вмешаност во американските избори“.

Но, не од страна на Русија затоа што Скрипал работел за тајното друштво на Кристофер Стил, кој е поврзан со лажното руско досие на Доналд Трамп.

Стил работел на изборот на Хилари Клинтон на американскиот Демократски национален конгрес во 2016 година, а дури и бил казнет поради непочитување на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

 

Продолжува

Scroll to Top