Палатата повела истрага поради обвинувањата за однесувањето на Меган кон нејзините вработени

By

Од Бакингемската палата повеле истрага поради обвинувањата за однесувањето на Меган Маркл кон нејзините вработени, пренесува „Мирор“. Според портпаролот на палатата, членови од персоналот, кои се вклучени во овој случај, ќе бидат повикани да учествуваат во истрагата.

Кралското семејство не толерира малтретирање или вознемирување на работното место, вели тој.

„Очигледно е дека сме загрижени поради наводите што ги изнесе Times по тврдењата на поранешниот персонал на војвотката“, изјавил портпаролот на Бакингемската палата, пренесуваат британските медиуми.

Меган се најде под истрага поради обвинувањата за емоционално насилство, кое наводно го правела над вработените. Обвинета дека му се заканувала на еден од своите најблиски совентици во палатата, а наводно избркала две лични асистентки и намерно ја рушела довербата во уште еден.

Нејзиниот портпарол и на принцот Хари тврди дека неговите клиенти се вистинските жртви во целиот овој случај. Меган вели дека Times е под влијание на британското кралско семејство, кое има цел да испраќа во јавноста дезинформации за неа.

Медиумот постојано пишува за тоа како таа лошо се однесувала кон вработените во палатата, а сето тоа е пуштено неколку дена пред нејзиното интервју со американската водителка Опра Винфри. Тоа е направено со цел да се создаде лоша слика за неа во јавноста.

Times пишува дека покрај малтретирањето на двајцата постари членови од персоналот, Меган лично понижила уште еден од своите вработени. Times пишува дека Џејсон Кнауф во 2018 година, кога работел како секретар за комуницкации, поднел жалба.

Хари лично интервенирал и го молел да не го прави тоа.

 

Ќе ви се допадне

Watch Sword Art Online Alicization War of Underworld Part 2 Episode 5 (https://animeflix.nl/m/zPom/ep-5) at website https://animeflix.nl animeflix the promised neverland

One Piece (https://wcostream.cc/m/gEM) Episode 964 at website https://wcostream.cc. See more dubbed anime