Патот во вселената создава промени во мозокот кај астронаутите

Најновото истражување кое го поддржува НАСА фрла загрижувачко светло на ефектите врз човековиот мозок за време на патувањето во вселената.

Специјалистите за време на скенирањето на мозокот на астронаутите, пред и по летот во вселената, откриле промени кои се типично поврзани со долгорочните процеси како што е стареењето, вклучувајќи и влошувања во подрачјата кои се одговорни за движењето и обработката на сензорните информации.

Резултатите исто така укажуваат дека мозокот на астронаутите може да се прилагоди на овие промени со текот на времето.

„Знаеме дека течностите во организмот во вселената се насочуваат кон главата. Кога ќе ги видите листата на астронаутите во вселената на видео снимките, тие изгледаат како да се потечени. Тоа е затоа што гравитацијата не ја влече течноста назад во телото“, изјавила Рејчел Сајлер, професорка од Универзитетот Флорида.

Овие ефекти на гравитацијата не се одржуваат само на површината. Според новата студија, вселенскиот лет директно влијае на белата материја на мозокот во регионите кои го контролираат движењето и процесуирањето на сензорните информации. Тим на лекари, откриле дека летовите во вселената предизвикуваат собирање на течноста во главата во подножјето на мозокот, создавајќи ефект дека мозокот плови малку во височина.

Тоа може да биде клучно за настанатата состојба која се нарекува Вселенски Неуро-окуларен синдром. Овој синдром предизвикува визуелни промени во задниот дел на очите.

„Би можело поради забавеното протекување на течноста, да се создаде притисок на оптичкиот нерв, или мозокот на некој начин да го повлече очниот нерв затоа што пловел повеќе во черепот“, објаснува Рејчел.

За среќа, научниците велат дека ваквата состојба би можела да се повлече по неколку недели по враќањето на Земјата. Сепак, некои промени можат да траат и со месеци. За да понатаму се следи ова пореметување, тим на лекари велат дека ќе продолжат со скенирањата на мозокот на астронаутите и до 6 месеци по враќањето од вселената.

Резултатите од ова истражување не се важни само за научниците и астронаутите, туку и за идните туристи во вселената, особено поради тоа што неактивните стилови на живот, стануваат секојдневни и вообичаени.

По враќањето на Земјата, телото на астронаутот не испраќа онолку сензорни инпути во мозокот како претходно“, велат истражувачите.

Сите имаме повеќе или помалку седечки начин на живот, вели професорката Рејчел. Но, таа надополнува и дека не е исто што и ефектот на инпути кои астронаутите го добиваат во вселената.

„Ако лежиме и не го користиме своето тело, дали тоа би можело да влијае и на патиштата набелата материја во мозокот? Ова претставува само уште еден доказ и причина повеќе дека треба да водиме активен начин на живот“, тврди професорката Рејчел Сајлер

 

Scroll to Top