Пентагон: САД имаат право да се бранат од Сирија

Што претставува демократија за САД и како ја шират во светот? Либија е последниот пример за нивното спроведување на демократијата.

Соединетите Американски Држави не бараат конфликт со сириските сили, но имаат право на самоодбрана, соопштија од Пентагон, пишува Balkans.aljazeera.net.

Повеќе од 100 борци на лојалниот претседател на Сирија, Башар ал Aсад, се убиени во четвртокот во нападот што го изврши коалицијата предводена од САД, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

„Нашите сили имаат основно право на самоодбрана. Ние не бараме конфликт со режимот“, изјави портпаролката на Пентагон, Дана Вајт, пренесува „Танјунг“.

Американската војска извршила и воздушни удари по сириските борци кои уживаат поддршка од Владата откако 500 напаѓачи покренаа, како што наведува американската војска, координиран напад врз сириските опозициски сили во придружба на американскиот советник во покраината Деир ез-Зор.

Артилерија, тенкови, фрлачи на ракети…

Военото официјално лице претходно изјави дека воздушните удари претставуваат чин на самоодбрана откако провладините сили почнале да отвораат артилериски и тенковски оган врз сириските демократски сили, кои ја уживаат американската поддршка.

Убиени се стотина напаѓачи

Официјалното лице за односи со јавност истакна дека провладините војници биле во голема формација, поддржани со артилерија, тенкови, повеќецелни фрлачки ракети и минофрлачи, како и дека меѓу 20 и 30 артилериски и тенковски гранати паднале во радиус од 500 метри од штабот на SDF.

Неколку американски официјални лица изјавија дека ниту еден Американец не е убиен или ранет во нападот од провладините сили, но дека е ранет еден припадник на SDF.

Сите официјални лица побарале да останат анонимни, поради прелиминарните детали од нападот.

Москва: Тоа е агресија

Националната новинска агенција на Сирија, Сана, јавила дека во текот на ноќта биле нападнати владини борци во провинцијата Деир ез-Зор.

Сана пренела дека владините борци биле во конфликт со припадниците на групата на Исламската држава Ирак и Левант, но и SDF, а кои ги поддржуваат САД.

Агенцијата нападот го оценила како агресија.

Од Москва исто така го осудија нападот и сметаат дека станува збор за чин на агресија.

 

 

Scroll to Top