Пет организации што создаваат кризи и владеат со светот

Тајното друштво често се темели на окултизам и мистицизам. Пример за тоа се друштвата на Редот на источниот храм, Златна зора и Розенкјроцери. Карактеристично за нив е што сите изобилуваат со мистични елементи и претставуваат масонско здружување. Слободните ѕидари, илуминатите и темпларите добро ги знаеме благодарение на филмовите и книгите, но постојат и голем број ексклузивни друштва кои своето постоење го држат во најголема тајност. Според теориите на заговор, овие пет тајни друштва владеат со светот.

Комитет 300

Познат е под името Олимпијци. Комитетот наводно го имаат основано членови на британската аристократија во 1727 година како резултат на растот на источноиндиските компании и нивниот успешен модел на колонијална експлоатација. Членовите се припадници на светските кралски и владејачки семејства, а нивните состаноци се одржувале затскриени зад хуманитарните и разни други конвенции. Ова друштво наводно ја одредува економската судбина на земјите.

 

Боемски клуб

Го нарекуваат уште и Боемска шума, а брои околу 2.900 члена. Како и другите тајни друштва, се состои од новинари, уметници и музичари. Настанато е во 1879 година во Сан Франциско, но набрзо во него почнале да влегуваат и банкари, политичари и индустриската елита. Во клубот се влегува само на повик на другите членови, кои се само мажи. Од нив потекнуваат многу светски политики, па дури и онаа за фрлањето атомски бомби на Јапонија. Тие извршуваат сатанистички ритуали, како и жртвувања.

Бидербершката група

Бидербершката група првпат е основана 1954 година во Холандија. Овде се собираат околу 140 највлијателни луѓе во светот. Групата ја следат разни теории на заговор, како и многубројни критики. Некои групи ја обвинуваат за тајно управување со светот и владите што влијаат на одлуките на ЕУ, Г8, СТО и Светскиот економски форум. Списокот на луѓе што присуствувале на тајните состаноци е прилично долг. Се споменуваат Маргарет Тачер, Франсоа Митеран, Педи Ешдаун, Бил и Хилари Клинтон, Тони Блер, Романо Проди.

Трилатерала

Трилатералната комисија е приватно здружение основано 1973 година, а во неа не може да се зачлените на сопствено барање. Истакнатите поединци, лобисти, шефови на светски инвестициони фондови, банки, луѓе што во своите биографии имаат најголеми политички функции, било во своите држави или меѓународни институции како ОН, може да се приклучат во одбраното друштво само ако добиеле повик. Основач е Дејвид Рокфелер. Темите на разговорот наводно биле за мир во светот, но критичарите тврдат дека всушност го кроеле капиталистичкото владеење со светот. Многумина критичари сметаат дека трилатералната комисија има опасна концентрациона моќ.

Давос

Како сопственици на повеќе од двесте билиони долари челниците на најмоќните светски банки се состануваат еднаш годишно на Светскиот економски форум на снежните падини во швајцарски Давос. Членовите на друштвото од сенка ги обликуваат глобалните, регионалните и индустриските цели. Членовите наводно мора да плаќаат по 700.000 долари членарина за да учествуваат на тие приватни состаноци, а тоа им гарантира влијание на сите светски лидери.

 

 

 

 

 

Scroll to Top