Пилоти забележале и пријавиле НЛО на ирското небо

Ирските власти покренаа истрага откако пилотите забележале неидентификуван летачки објект на небото. Жената – пилот на „Бритиш-ервејз“ на 9 ноември ја повикала контролата во местото Шенон за да го пријави случајот.

Таа прашала дали на запад на Ирска се одржува некоја воена вежба.

„Се движеше исклучително брзо. Не мина од левата страна, а потоа сврте кон север. Беше силно осветлено и брзо исчезна“, изјавил пилтот.

Според снимката од разговорот, на пилотот и било речено дека во тој дел не се одржуваат воени вежбии.

„Примарниот и секундарниот радар не покажаа ништо“, порачале од контролата на летот.

Жената пилот дополнила дека неидентификуваниот објект не претставувал никаква закана, но заедно со останатите колеги биле љубопитни да откријат за што станува збор.

И другите авиони во таа област ја пријавиле истата работа. Пилотот на компанијата „Вирџин ерлајнс“, кој управувал со авионот на летот Оралндо-Манчестер изјавил дека објектот наликувал на метеор.

Scroll to Top