Планирале да го спасат човештвото со уништување на ХААРП-системот

Американската полиција уапсила две лица што планирале да го минираат ХААРП-системот на Алјаска. Проектот за истражување на јоносферата на военото воздухопловство на САД повеќепати бил тема на разни теории на заговор, а меѓу другото, се сметало и како климатско оружје што може да влијае на мозокот и психичката состојба на луѓето во целата планета.

Лицата биле уапсени во Џорџија, пренесува Alaska Dispatch News.

Во моментите на претрес на нивните места каде што престојувале, бил откриен цел арсенал огнено оружје вклучувајќи ја и пушка „АР-15“, пиштолот „глок“, снајпер и голема количина стрели.

Двајцата биле откриени од страна на шерифот и неговите помошници за време на една истрага за трговија на наркотици. Истрагата покажала дека наркобизнисот е тој што го финансирал планот на осомничените за напад на научноистражувачкиот центар на Алјаска.

Еден од детективите што го водел случајот изјавил дека за време на испитувањето двајцата престапници им говореле дека некој господинот им наредил да ја уништат машината што им ги држи душите запленети.

„Тие планирале да киднапираат еден од научниците со чие возило и пропусница би влегле на територијата на проектот“, додал детективот.

Претставник од Универзитетот „Феирбенкс“ на Алјаска, кој во 2015 година го презел раководењето со проектот од Военото воздухопловство, изјавил дека и претходно имало закани дека ХААРП ќе биде уништен, но дека никој досега не отишол толку далеку како уапсените две лица.

Осомничените се обвинети за незаконско поседување и промет на наркотици и оружје.

 

 

 

Scroll to Top