Планот на НАТО како одговор на провокациите на Русија и можен почеток на Трета светска војна

Организацијата Северноатлански пакт (НАТО) е формирана 1949 година и има за цел да се спротивстави на советската експанзија во Западна Европа. По крајот на војната, Советскиот Сојуз го има зацврстено присуството во земјите од Источна Европа, како што се Полска, Унгарија, Чехословачка, Романија, Бугарија и Источна Германија.

НАТО е директен одговор на Советскиот Сојуз и претставува еден вид на она што Винстон Черчил го кажал „железна завеса“. Во периодот по светските војни, американските и западноевропските планери тврделе дека, во случај да избие војна меѓу Западот и Русија на Сталин, сосема логично е таа да се одвива во Европа.

Сепак реалноста на нуклеарното оружје е знак дека двете страни би се обиделе на секаков начин да избегнат директна конфронтација. Наместо тоа тие досега воделе низа мали војни ширум светот.

За Советскиот Сојуз инвазија врз Западна Европа, на еден начин би претставувало најголем ризик, но во исто време и најголема награда, ако се успее во целта, сметаат воените експерти.

Стратешката мисија на НАТО, од нејзиното формирање, па до ден денес е да спречи уништување на некој воен европски сојуз. Европските сили од формирањето на НАТО имале зацртано четири воени цели.

Стекнување на супериорност во воздушниот простор, одржување на морските линии за комуникација кон САД, одржување на територијалниот интегритет на Западна Германија и избегнување на употреба на нуклеарно оружје.

Ако НАТО потфрлел во која било од овие цели, војната сигурно би била изгубена.

Во 1988 година планот на НАТО за одбрана на Западна Европа била доктрина со напредна одбрана, чија цел била спречување на силите на Советскиот Сојуз да се позиционираат поблиску до германската граница. Ваквиот напад на Советскиот Сојуз практично значел згрозување на целокупното западногерманско население.

Во случај на војна во Норвешкото море, НАТО имал во план да ја вклучи американската морнарица, која би имала за задача да изврши напад на две до три борбени групи, плус да ги нападне советските воздушни и морнарички бази.

Овој напад врз СССР би требало да го одврати вниманието на рускиот конвој и да ги уништи воздушните и морнаричките руски објекти, да ги изгладни непријателските единци во морето. Исто така, неофицијално, би требало да ги изолира советските балистички подморници од нивната копнена поддршка

Морските сили на НАТО би имале за задача да ги нападнат советските, полските и источногерманските сили во Балтичкото море и да спречат морска инвазија врз Данска.

Од почетокот на формирањето на НАТО, западногерманските морски сили биле ставени во подготвеност за пресметка со полските морски едници, во случај се обидат да извршат напад врз градот Хамбург.

Во воздушниот простор, флотите на НАТО би имале неколку улоги. Американските Ф-15 и Ф-16, британските Торнадо ADV и германскиот F-4 Phanton, меѓу многуте други кои ги имал Атланскиот сојуз, би требало да воспостават супериорност на небото.

Во меѓувреме, ударните бомбардери, од послаб калибар, како британските и германски „Торнадо“ би имале за задча да летаат во противракетни мисии, бомбардирајќи ги аеродромите на Варшавскиот пакт во Источна Германија и Полска. Ова е планирано во случај војната да се случела во периодот кога СССР постоел.

Ловците на НАТО, Ф-11 и други воени авиони на сојузниците, би биле испратени на тајни мисии. Тие би бомбардирале мостови, штабови, се со цел да го забават напредувањето на Варшавскиот пакт.

Конечно, американските воени А-10 авиони, германските алфа џетови и Кралското воздухопловство, би давале напредна воздушна поддршка на копнените трупи на НАТО.

Сепак, експертите се согласуваат дека војната може да се добие само на земја и дека сите битки во воздушниот простор и на вода, требало и треба во иднина да се планираат со цел силите подобро се позиционираат на земја.

Решението на СССР и денешна Русија за воздушната супериорност на НАТО, било и е поставување на тенкови на секој непријателски аеродром. Технолошки, копнените сили на НАТО имале предност.

Во 1988 година, седмата армија на САД ги поставила своите борбени системи во Европа. Станува збор за „големата петорка“: тенкот М1 Абрамс, военото пешадиско возило М2 „Бредли“, хеликоптерот AH-64 Апачи, транспортното возило UH-60 „Блекхок“ и системот „Патриот“, што во голема мера ја подобрила способноста за борба во воздух.

Западна Германија почнала да користи и свој тенк од втората генерација „Леопард II“, кој исто така го користела и Холандија, а имала и борбени возила „Мардер“. Во исто време, воведувањето на тенковите „Челенгер“ и борбените возила на пешадијата, ги зацврстувала борбените формации на Британската армија кај Рајна.

НОРТХАГ, односно Северната армиска група, била позиционирана на северната половина на Западна Германија. Оваа група имала за цел да ја одбрани Северногерманската долина. Делувала покрај германската граница кон Холандија и Белгија. Оваа група имала дополнителна мисија да ја заштити најкратката рута до Рур, индустрискиот центар на Западна Германија, западногерманската престолнина Бон и најкратката рута до Антверпен и Ротердам, двата главни аеродроми кои играле клучна улога во засилувањето на НАТО.

НАТО силите во секторот биле поделени меѓу германски, британски, холандски и белгиски корпус во две до четири борбени дивизии, што значело дека уживаат единство во командата само на ниво на војската. Иако НАТО можело да очекува брзо засилување од Велика Британија, Холандија и Белгија, повеќето единици во секторот на војската биле стационирани далеку од своите одбрамбени положби и им било потребно време да делуваат, во случај на акција.

ЦЕНТАГ или Централната група на војската, делувала во долната половина на Германија. Оваа група претежно била составена од германска и американска војска, а повремено се дополнувала со механизирана бригада од Канада. Двата германски корпуси, секој со мешавина на тенкови и планински дивизии, држеле одредени линии, како и два американски корпуси, кои се состоеле од две до три оклопни и механизирани пешадиски дивизии. Оваа група била одговорна за најужната точка меѓу германската граница и реката Рајна.

ЦЕНТАГ имал неколку адути во ракавот. Американската и германската воена формација била составена од оклопни единици и механизирана пешадија, што било иделано за борба против советските тенкови и сили на Варшавскиот пакт. Војската на Бундесвер, како што се нарекувала војската на Западна Германија, била многу квалитетна, со одлична обука, водство и опрема. Американските дивизии стационирани во Европа имале дополнителни маневарски баталјони, зголемувајќи ја огнената сила за околу 10%, а секој американски корпус имал оклопен коњички гардиски полк, кој ја надгледувал границата.

Уште една предност за ЦЕНТАГ во однос на силите на Советскиот сојуз бил теренот. За разлика од северна Германија, теренот во јужна Германија се состоел од брда, планини и долини.

И северната граница на Норвешка, не била лесно да се освои. Нападот од планинскиот терен е тешко одржлив, а веројатно советските сили би им била потребна помош од поморските и воздухопловни сили.

НАТО планирал и засилување на мултинационалната бригада и движечките сили ACE, се со цел да ги подигне норвешките одбрамбени сили, а американскиот марински корпус имал во план да постави опрема од цела бригада во норвешките пештери.

Преку континентите на НАТО би можело да се очекуваат напади од специјалните сили. Овие лесни и движечки формации би се користеле за подигање на клучните цели зад НАТО линиите, вклучувајќи ги и аеродромите, мостовоите, седиштата и складиштата кои биле наменети за снабдување со залихи воена опрема и храна.

Обезбедувањето од ваквите напади и сигурноста во позадината на задачата биле дванаесет бригадни едници со западногермански резервиси. Бон исто така имал три бригади на падобранци, кои можеле брзо да се стационираат во загрозените подрачја. Безбедноста на воздухопловните бази во НАТО, била многу висока, затоа што американските воздухопловни сили биле во можност веднаш да се распоредат на теренот. Станувало збор за голем број на безбедносни трупи, а пук РАФ, би ги чувал британските аеродроми.

Ако конвенционалните сили не успееле да ја спречат инвазијата од Варшавскиот пакт, НАТО на располагање имал разни тактички нуклеарни оружја, од набој на нуклеарни длабочини, до гравитациони бомби и крстаречки ракети и земјени ракети Земја II. Иако сојузот има доволно нуклеарно оружје да го спречи нападот под водство на Советската војска, користјеќи ги истите тие нуклеарки, би започнал циклус на нуклеарна одмазда и тешко би се спречила контра-одмаздата. Употребата на тактичкото нуклеарно оружје, веројатно би предизвикало крај на човечката цивилизација, тврдат експертите.

Scroll to Top