По 24 години тргната ознаката на тајност, објавени непознати детали за несреќата во Чернобил

Архивата на Службите за безбедност во Украина и Украинскиот институт за национално сеќавање, ја тргнаа ознаката за тајност од документи за изградбата на нуклеарната електрана во Чернобил и несреќата која таму се случила.

Институцијата се повикува на објавената втора книга зборник „Чернобилско досие КГБ“. Во неа ги има сите информации за нуклеарната централа од изградбата па се до несреќата. Таа вклучува документи кои се опфатени од периодот од 1970 година, до ноември 1986 година.


Во книгата се претставени 229 документи, а голем дел од нив се објавени за првпат. Како што е наведено во документите, инцидентите во нуклеарната централа во Чернобил настанале пред април 1986 година, но за тоа никој не зборувал јавно.

„Документите содржат сведоштва за хаваријата во електраната во 1986 година, транскрипти од телефонските разговори во електраната во ноќта на 26. април, примерок од извештајот за несреќата, информации за почеток на истрагата и изградба на куполи“, изјавил директорот на архивата на SBU Андреј Когут.

Според зборовите на директорот на институтот Антон Дробовиќ, документите се принесени за подобро се разбере трагедијата, затоа што во нив се вклучени и извештаите и материјалите за ситните хаварии, кои и претходно се случувале во нуклеарната електрана, а кои биле прикривани.

Претходно украинската специјална служба објавила тајни документи кои сведочат за неквалитетните граѓански и инсталациони работи, нарушување на технолошката дисциплина и безбедносните правила во нуклеарната електрана во Чернобил.

Како што е наведено, во периодот од 1971 година до 1981 година, во електраната се забележани 29 инциденти, вклучувајќи и неколку помали дефекти. Осум инциденти се случиле поради невнимателност на персоналот.

Хаваријата во нуклеарната електрана

На 26. април 1986 година, за време на планското тестирање на четвртиот енергетски блок на нуклеарната електрана се случила експлозијата. Нуклеарното јадро на реакторот било целосно уништено. Зградата на погонските единици делумно се срушиле и дошло до значително емитување на радиоактивни честички во околината.

Во моментот на несреќата загинале две лица, околу 600 луѓе од станицата, а пожарникарите добиле високи дози на зрачење (28 од нив починале таа година). Повеќе од 200.000 квадратни метри на СССР биле изложени на радиоактивна контаминација.


Според проценките на експертите, тоа била најголемата несреќа во историјата на нуклеарната енергија. Во отстранувањето на последиците учествувале повеќе од 600.000 луѓе. Градот Припјат се наоѓа на три километри од нуклеарната електрана „Чернобил“.

Пред несреќата во него живееле повеќе од 47.000 луѓе, а сега тоа е град на духови поради високото ниво на радијација.

Scroll to Top