По промената на сопственикот, произведувачот го поскапе лекот за рак – 1.500 отсто

By

Долгогодишниот лек за рак стана речиси недостапен за повеќето пациенти затоа што неговата цена скокнала 1.500 проценти во период од само четири години. Компанијата што стои зад лекот е под критика на јавноста.

Лекот за тумор на мозокот и за Хочкин лимфомот е воведен пред 42 години, а највисоката цена на една доза е продадена 50 долари за капсула. Лекот со име „ломустин“ нема генеричка алтернатива и е брендиран како CeeNU.

Во 2013 година сопствеништвото на фармацевтската компанија Bristol-Myers Squibb, чија пазарна вредност е 16 милијарди долари, му е продадено на компанија од Мајами со име Next Source.

Новиот сопственик го преименувал лекот давајќи му ново име „глеостин“ и ја подигнал цената речиси шеснаесет пати. Сега истиот третман чини 768 долари за една капсула.

Според анализата што ја направил „Волстрит џурнал“, компанијата ја подигнала цената на лекот „глеостин“ 12 проценти во ноември, по претходниот пораст од 20 проценти во август.

Дозирањето се доделува врз основа на тежината на пациентите, а на некои им е потребно повеќе од една таблета. Тоа ги прави лековите целосно недостапни за повеќето пациенти.

Next Source поставува цени врз основа на трошоците за развој на лекови и плаќање надомест на регулаторните агенции, како и врз основа на предноста што им ја овозможуваат на пациентите, вели извршниот директор на компанијата, Роберт ди Крисци.

Компанијата наводно нуди попусти и финансиска помош за оние што не можат да си ја дозволат оваа цена.

Иако тој лек е во употреба од 1976 година, онколозите заедно со фармацевтските инфузии имаат поголем интерес во тоа.

Истражувањето што го финансирала владата открива дека „глеостин“ во комбинација со хемотерапијата може да им помогне на пациентите да живеат подолго во борбата против туморот на мозокот.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне