По Трамп 21. годишна девојка ќе стане претседател на САД

Патник низ времето по име Ноа, тврди дека е заробен на Земјата откако претходно пристигнал во 2017 година. Ноа говорејќи со паранормалните истражувачи од популарниот Јујтуб канал Apeks i Paranormal Elit, тој открил кој ќе победи на претседателските избори на Соединетите Американски Држави во 2024 година.

Ноа вели дека Доналд Трамп ќе ја задржи власта на изборите се до 2020 година. Но, до 2028 година, 21 годишна девојка ќе ја води земјата. Станува збор за Јоланда Рене Кинг, која со само 21 година ќе положи заклетва.

„За Соединетите Американски Држви, следниот претседател ќе биде Доналд Трамп. Ова не е мислење, туку факт од иднината кој ќе се случи. Не сум тука да убедам никој да ја промени својата политичка наклонетост“, изјавил Ноа.

Ноа вели дека Јоланда ќе биде првиот претседател кој се заколнал според новиот закон, кој нема долна граница на старост, за тоа кој би можел да биде претседател. Тој вели дека Јоланда Рене Кинг е внука на активистот за граѓански права и баптистичкиот министер Мартин Лутер Кинг, кој бил убиен во април 1968 година.

Scroll to Top