Подгответе се на најлошото, не трошете туку штедете, Безос предупреди дека доаѓа голема економска криза

Еден од најбогатите луѓе на планетава, милијардерот Џеф Безос ги предупреди сите за американската рецесија и ги советуваше потрошувачите и претприемачите да направат залихи на кеш, во случај да дојде до разорен пад на економијата.

„Економијата во моментов не изгледа сјајно. Работите се забавуваат, гледате отпуштања кај голем број компании и во многу сектори на економијата. Речиси е извесно дека ако во моментов не сме во рецесија, дека наскоро ќе бидеме“, рече Безос.

Основачот на „Амазон“, им препорача на американските домаќинства да ги одложат плановите и да се воздржат од купување на нови работи, како телевизори, фрижидери и автомобили, со оглед на ризикот дека економските услови се влошуваат.

Исто така им предложи на сопствениците на мали претпријатија да разгледаат да се откажат од вложувања во нова опрема и наместо тоа да направат свои резерви на кеш. Pionir e-trgovija одби да процени колку рецесијата би можела да трае, но ги прозва луѓето да бидат подготвени за економска катастрофа.

„Избегнувајте ризици. Надевајте се на најдобро, но подгответе се и за најлошо“, рече Безос.

Енди Џеси, кој минатото лето го наследи Безос на местото генерален директор на „Амазон“, се согласува со него и ги дели неговите стравови за рецесијата. „Амазон“ во последните месеци ги намали трошоците, ја забави потрошувачката и ги замрзна вработувањата за одредени места.

Сето тоа го направи за да се подготви за престојните економски предизвици. Водечките инвеститори, раководители, академици и аналитичари го огласија алармот за рецесија за годинава.

Тие укажале на напорите на Федералните резерви во битката против инфлацијата, која во јуни порасна на 40 годишен максимум, од 9,1%, а во октомври остана на 7,7%. Американската централна банка побрза да ја олади економијата и да го ублажи притисокот на цените со подигањето на каматните стапки.

Сето ова укажува дека тие би можеле да го достигнат врвот над 5%, за првпат од 2007 година. Резултатот е дека американските потрошувачи и претприемачи можеби ќе мораат да се изборат со растечки цени, растечки трошоци на позајмувања и намалена економија.

Безос препорачува да се направат залихи на пари за да им се помогне да го преживеат тој болен притисок.

 

Scroll to Top