Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, платил милиони на вештерка за да му фрли магија на неговиот колега од француската репрезентација и играч на ПСЖ, Килијан М’бапе.
Ова го откри братот на Пол, Матијас Погба, кој веќе некое време му се заканува ѝ го уценува дека ќе открие работи кои не ги знае за него. Пол ја предупреди јавноста дека брат му го уценувал и дека Матијас сака само да извлече пари од него.
Матијс тврди дека Пол ја плаќал вештерката за да фрли магија на М’бапе, а за тоа ја информирал и полцииајта, од каде го потврдија случајот.
Пол призна дека платил вештерка, но не за да му наштети на М’бапе, туку за да се заштити од повреди. Матијас рече дека е смешно некој да даде толку пари само за да биде заштитен од повреди и смета дека неговото суеверие е лажно.
Матијас дополни дека брат му Пол сакал да му се одмазди на М’бапе. Интересно е дека Пол во сезоната 2019/20 имал десет повреди поради кои мораше да биде надвор од терените повеќе од една година. Тој и во моментов е повреден и не може да игра за Јувентус.
Фудбалерот не сака да направи операција ова лето, за да биде подготвен за Светското првенство во Катар. Сега, откако излезе скандалот со брат му, медиумите во Франција пренесуваат дека селекторот Дидие Дешамп веројатно би размислил дали да го земе во составот.
Не е познато како на овие обвинувања реагирал М’бапе и дали поверувал во приказната на Матијас, или пак поверојатна му е теоријата со која излезе Пол.
За потсетување, Пол Погба, рече дека брат му заедно со неговите пријатели го уценувале и дека барале од него 13 милиони евра. Откако ги одбил, тие почнале да шират лаги за него.
Фудбалерот Пол Погба добил уцени од брат му, му се заканил дека ќе објави компромитирачки видеа