Полицаец уапсен затоа што ја открил вистината за мигрантите во Шведска

Уште еден шведски полицаец свиркач проговорил за тоа како властите го прикриваат криминалот на бегалците само неколку дена откако негов колега бил пријавен за расистички објави на социјалните мрежи.

Шведскиот полицаец Питер Спрингар дигнал прав во јавноста затоа што проговорил за јавната тајна, имигрантскиот криминал.

На својот фејсбук-профил објавил статус кој набрзо станал вирален. Поделен е преку 18 000 пати. Многумина поради тоа го нарекле расист, а пријавен бил во посебна полициска комисија која ќе го истражува неговиот статус.

Полицаецот кој е пред пензија не се плаши и ги обелодени сите кои го нападнале поради наводниот расизам. Тој посочил дека ако не можат да расправаат за проблемот со криминалот меѓу имигрантите без да му препишат расистичка пропаганда, тогаш општеството се наоѓа во сериозни проблеми.

Статусот во кој тој говори за проблемите со кои се соочува земјата со мигрантите ви го пренесуваме во целост.

„Многу сум уморен. Тоа што го пишувам тука не е политички коректно. Но, не ми е гајле. Нашите мировници се на колена, школите се во хаос, здравството е пекол, полицијата е целосно уништена. Сите знаат зошто, но никој не се осмелува да каже зошто.

Да почнеме. Еве со што се занимавав од понеделник до петок оваа недела – силување, грабеж, тежок напад, силување со напад, силување, изнуда, уцена, напад, насилие против полицијата, закана до полицијата, криминал со дрога, криминал, казнено дело, обид за убиство, повторно силување, повторно изнуда и малтретирање…

Осомничени сторители: Али Мохамед, Махмуд, Мохамед, Мохамед Али, повторно, повторно, Кристофер…

Земјите кои го претставуваат криминалот оваа недела: Ирак, Турција, Сирија, Авганистан, Сомалија, непознати земји. За половина од осомничените не можеме да бидеме сигурни, затоа што немаат валидни документи, што само по себе обично значи дека лажат за својата националност и идентитет.

Scroll to Top