Полицаец убил вонземјанин пред 42 години во близина на американска воена база

Еден вонземјанин е убиен во близина на американска воена база во 1978 година, тврди поранешен мајор во американското воздухопловство, Џорџ Филер.

Извештајот од пензионираниот воен офицер, за наводниот инцидент, е детално опишан во книгата „Чуден занает: Вистинска приказна за животот со НЛО на известувачки офицер од военото воздухопловство“.

Минатиот месец Пентагон покренала воена група за откривање и анализа на случаите со неидентификувани летачки објекти и воздушни појави.

Министерот за одбрана Марк Еспер, се состанал со својот јапонски колега Тар Кон и двајцата наводно разговарале за истрагата за НЛО, како ново подрачје на соработка меѓу двете земји.

Книгата со објавените сведоштвата на мајорот и неговото искуство кое тој го имал со НЛО, ја напишал истражувачки известувач Џон Л. Гера. Тој го интервјуирал Филер, кој му кажал дека американското воздухопловство имало средба со НЛО, во период од четири години.

Филер изјавил дека на 18. јануари во 1978 година, пред да го одржи состанокот со надредените офицери, забележал постар водник, кој бил блед, вознемирен и со ококорени очи.

„На Форт Дик е застрелан вонземјанин“, му одговорил поранешниот главен наредник на Филер, појаснувајќи му дека не станува збор за вонземјанин од друга држава туку од вселената.

Тогаш полицаецот кој го застрелал вонземјанинот му кажал на Филер дека кога почнале да пукаат кон непознатото летало, истото почнало да испушта чудни звуци, како зуење.

Според Филер, полицаецот бил првиот кој стапил во контакт со вонземјанинот. Кога истиот ги игнорирал неговите наредби, тој почнал да пука во него. Полицаецот веднаш ја контактирал и воздухопловната база Мекгвајер, од каде веднаш пристигнал специјален тим за чистење.

Тимот го однел телото во воздухопловната база Рајт Патерсон во Охајо. Филет тврди дека поднел барање да разговара со сведоците и да ги види фоготрафиите од инцидентот за да направи извештај. Но, му бил ускратено правото за пристап до податоците.

Поранешниот мајор на воздухопловството и член на невладина организација, која се состои од поранешни воени експерти и астронаути, ги повикала американските власти да ги објават сите познати информации за средби со НЛО.

Во април, Пентагон објави три видеа на кои се гледа како американски пилоти бркаат нешто, кое што од Министерството за одбрана го опишале како необјаснива воздушна појава.

 

Scroll to Top