Помошник на Џорџ Сорос наводно тепал и силувал жени, жртвите бараат 18 милиони долари отштета

By

Шест жени поднеле тужба за сексуално малтретирање против финансиерот Хауард Рубин (66), кој е познат и како човек кој е многу близок до милијардерот Џорџ Сорос. Тие тврдат дека тој ги тепал и сексуално ги малтретирал во тајна просторија во неговиот луксузен стан на Менхетн.

Рубин, кој со години му бил десна рака на Сорос, сега тврди дека жените самоволно се согласиле на такво нешто, но и дека го прекршиле законот затоа што тие потпишале договор за доверливост.

Сега ним им се заканува глоба од 500.000 долари. Неговиот адвокат Едвард Мекдоналд вели дека жртвите биле свесни за тоа во што се впуштаат и дека по дружбата со неговиот клиент, тие знаеле дека можеби ќе претрпат некакви повреди, пренесува „Дејли мејл“.

„Мојот клиент нема сторено никаково злосторство. Во прашање е цивилна парница“, изјавил тој и ги отфрлил наводите дека Рубин ги дрогирал жртвите. Тој објаснил дека веројатно Рубин им давал лекови за ублажување на болките.

Рубин, кој е оженет, важи за бескрупулозен банкар на Волстрит. Тој им плаќал на жените по 5.000 долари за да учествуваат во сексуални настрани фетиши, како што се бондиџ, дисциплина, садисам и мазохизам.

Во 1987 година Рубин бил главниот виновник за губењето дури 377 милиони долари, кои ги остварил Мерил Линч, инвестицискиот разгранок на американската банка.

Сега шест жени, кои учествувале во неговите настрани сексуални игри, решија да го тужат тврдејќи дека тој ги малтретирал игнорирајќи го безбедносниот збор и дека физички ги повредувал.

Безбедносниот збор се одредува пред учествувањето во овие перверзии. Почетокот на судењето е закажано за ноември оваа година. Жртвите бараат од Рубин 18 милиони долари отштета.

 

Њујорк пост“ пренесе детали од обвинувањето во кое е наведено дека една од жртвите била толку тешко претепана, што нејзиниот пластичен хирург не сакал да ја оперира затоа што еден од имплантите за гради ѝ бил оштетен од ударите.

Друга жртва, која останала анонимна, изјавила дека Рубин ја силувал.

„Ме натера да имаме однос. Додека ме врзуваше, ми рече дека ќе ме силува како што ја силувал ќерка си“, раскажала таа.

Минатиот месец Мери Хенри, со која Рубин бил во брак 36 години и со која има три деца, поднела барање за развод. Таа е исто така познат банкар на Волстрит. Рубин, кој има куќа во Хемптон и стан на Менхетн, заработувал милиони долари од своите клиенти.

Меѓу првите што уште во 2017 година изнеле обвинувања против него се плејбој-зајачиците Миа Лител и Еми Мур, како и Стефани Колдвел, која работела како стриптизерка во еден клуб во Мајами. Тие го обвиниле Рубин за напад, претепување, сексуално малтретирање и трговија со луѓе.

„На моите клиенти никој им нема вперено пиштол во главата, но тие се измамени и жртви на физичко и сексуално насилство. Ниту една од нив не дала согласност за она што се случило“, изјавил Џон Балестрир, адвокат на жртвата.

Хауард Рубин од 2008 до 2015 година бил еден од најблиските соработници на милијардерот Џорџ Сорос.

Извор/Курир.рс/Дејли Мејл/Њујорк пост

 

Ќе ви се допадне

Website https://animeflix.nl: Watch ChäoS;Child Episode 0 (Dub) animeflix Episode Full one piece animeflix

Animepahe: Kill la Kill Specials anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime online

https://animefreak.ws hunter x hunter animefreak

Website https://animekisa.in: Watch Dracula: Sovereign of the Damned (Dub) animekisa Episode Full anime online

Kissanimemx edublogs: https://kissanimemx.edublogs.org/

Provenexpert: https://www.provenexpert.com/kissanimemx/