Повеќе од 120 пензионирани генерали и адмирали го доведоа во прашање интегритетот на Бајден, како и неговата ментална и физичка состојба

By

Повеќе од 120 пензионирани воени официјални лица, го доведоа во прашање легитимитетот на претседателските избори во САД, како и менталната способност на претседателот Џо Бајден.

Во писмото во кое се повторуваат тврдењата на Доналд Трапм, дека минатогодишните избори на кои тој изгуби, се украдени, дека без фер и искрени избори кои ја одразуваат волјата на граѓаните, Америка е изгубена.

Група на пензионирани генерали и адмирали, кои себе си се нарекуваат „Офицери на знамето за Америка“, ги повика ФБИ и Врховниот суд да не ги игнорираат изборните нерегуларности, како што тоа го направија во 2020 година.

Потписниците на писмото ја довеле во сомнеж и менталната способност на американскиот претседател Џо Бајден.

„Менталната и физичка состојба на главниот командант, не смее да се игнорира. Тој мора да биде во состоја да во секој момент брзо донесе одлука, која ќе одговара за националната безбедност“, навеле потписниците на писмото.

Тие додале дека неодамнешната истрага на претседателот на Претставничкиот дом на американскиот конгрес, за постапките за добивање на нуклеарните клучеви, испраќаат загрижувачки сигнал до противниците и ја доведуваат во прашање наредата за команда.

Еден од потписниците на писмото, генералот Џо Орбакл, кој служел во Виетнам, а подоцна командувал со Командата за индустриски операции, за „Политика“, изјавил дека пензионираните офицери инаку не би се мешале во политиката, но, поради денешната ситуација, тие биле принудени да го сторат тоа.

 Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне

AnimeDao animedao bleach: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 5

AnimeTV anime tv all free: Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12