Повеќе од 5000 деца се убиени во војната во Саудиска Арабија

By

Повеќе од 5000 деца се убиени, и уште 400.000 се тешко нахранети и се борат за живот во Јемен, во периодот од март 2015 година, до денеска, се наведува во новиот извештај од детската агенција на Обединетите Нации.

Во извештајот на УНИЦЕФ, кој е објавен во вторникот пишува дека Саудиската војна убила во просек, пет деца на ден од март 2015 година.

Додава и дека најмалку два милиони деца од Јемен, не одат во школо, а 400.000 патат од тешка неухранетост.

Преку три милиони деца се родени откако почнал масакрот во тој период, и сите тие се уплашени од години насилство, раселувања, болести, сиромаштија, неухранетост и недостатокот на пристапот на основните услуги.

„Цела генерација на деца во Јемен пораснала не знаејќи ништо за ваквите насилиа. Децата во Јемен трпат разорни последици од војната која не е нивна одлука“, изјави претставникот на УНИЦЕФ во Јемен, Мертихел Релано.

„Неухранетоста и болестите беснеат затоа што државните основни услуги се пропаднати. Тие кои ќе преживеат веројатно имаат физички и психички лузни од конфликтите во текот на целиот свој живот“, додава тој.

Повеќе од 13.600 луѓе се убиени од почетокот на војната која ја спроведува Саудиската коалиција во Јемен од 2015 година.

Голем дел од инфраструктурата во Јемен, вклучувајќи и болници, школи, продавници, сега се рушевини поради воените удари.

Саудиската војна исто така предизвика смртоносна епидемија на колера во Јемен, која сега е на ниво на историска светска епидемија.

 

 

Ќе ви се допадне