Повредата на Салах е божја казна, поради непридржувањето на рамазанските пости

Исламскиот проповедник од Кувајт Мубарак ал Батхали тврди дека повредата на рамото на ѕвездата на Ливерпул во финалето од Лига на шампиони, била казна од Бога за играчот кој го прекинал својот Рамазански пост пред натпреварот.

Проповедникот вели дека иналето на Ливерпул против Реал Мадрид во Лига на шампиони во Киев, бил „неоправдан изговор за доручек“ и дека поради тоа се случила повредата на Салах на рамото во првото полувреме откако беше бутнат на теренот од одмбрамбениот играч на Реал Мадрид, Серхио Рамос и дека тоа било Божјата казна.

Салах го напуштил теренот со солзи во очите откако подоцна било откриено оштетување на лигаментите на рамото и Ливерпул го изгуби натпреварот со 3:1, а напаѓачот сега се соочува со временска трка за да настапи на Светското првенство ова лето.

Салах, побожен Муслиман, наводно го прекинал својот Рамазан пред мечот во Киев додека патувал. Но, пропоевдникот на Кувајт Мубарак ал Батхали изјавил дека патничкиот аранжман на Салах не бил „легитимен изговор“ за прекинувањето на постот и изјавил дека поради тоа Бог го казнил.

Објавата на Твитер на арапски јазик која Батхали ја напишал гласи:

„Бог го казни. За жал тој ќе го носи својот терет“.

Клерик тогаш напишал: „Можеби повредата е добра за него“.

Се очекува Салах да биде надвор од терените три недели. Вчера тој извести дека Салах ќе биде способен да се соочи со Русија на Светското првенстсво на 19 јуни, иако би можел да го пропушти отворањето, меѓу репрезентациите на Египет и Уругвај, четири дена претходно.

Ѕвездата на Ливерпул постигна 44 голови во рекордната сезона и на него се гледа како талисман на Египет кој ќе патува за Русија 2018 година.

Потегот на Рамос предизвика огромна реакција на јавноста против Шпанецот, додека еден адвокат од Египет дури и поднел тужба од милијарда долари против капитенот на Реал Мадрид, поради нанесување на физичка и психичка штета на најголемата спортска ѕвезда на нацијата.

Проповедникот Ал Батхали имал некакви утишелни зборови за Салах, велејќи дека тој бил добар и почитуван човек, како и дека бил важен амбасадор за муслиманите.

„Немојте да тагувате, вратата на покајение секогаш ќе биде отворена“, изјавил Батхали.

 

Scroll to Top