Позната блогерка брутално убиена во Москва, полицијата го сомничи нејзинoто поранешно момче

Руската блогерка Екатерина Карагланова (24) пронајдена е мртва во изнајмен стан во Москва. Нејзиното безживотно тело го пронашол сопственикот на станот.

Тој вели дека бил преплашен кога во една од собите ја затекнал Еекатерина со исечен врат. Нејзиното тело било наместено во куфер, а на себе имала само црн каиш.

На телото имала и неколку убодни рани. Поради тоа што не одговарала на повиците, нејзините родители се загрижиле за неа. Го замолиле сопственикот на станот да провери што се случува.

Мотивите за ова брутално убиство засега не им се познати на полицијата. Службите испитуваат во неколку насоки. Велат дека не го исклучуваат нејзиниот љубовен живот, се додека не пронајдат некакви траги од убиецот.

 

View this post on Instagram

 

Какая же сегодня классная погода на улице! Хоть и прохладно, но уже чувствуется весна, впервые в этом году. Лично у меня на неё большие планы, среди которых и ремонт квартиры с нуля, и новые поездки, и ещё одно важное мероприятие под вопросом, о котором заранее не говорю 🤫. Также планирую продолжить осваивать косметологию 💉 и не забрасывать тренировки в зале. Нужно же в конце концов вернуть себе форму ( а для меня это по сложности примерно как ремонт 🤪). Как видите, планов не мало, так что ,весна, не подведи! 💪🏽

A post shared by Kati K. 💁🏻‍♀️ (@katti_loves_life) on

Познато е дека Екатерина ја прекинала врската со 32 годишниот љубовник и започнала врска со постар маж. Таа со нејзиниот нов партнер, 52 годишен маж, имале намера да патуваат за Холандија.

Нејзиниот последен пост е за патувањето на Крф на 22 јули. Нејзиното тело е пронајдено пет дена подоцна. Полицијата се сомнева дека љубомората на претходното момче е мотив за убиството. Засега никој не е уапсен.

Нејзиниот „Инстаграм“ на име Кати, има преку 80.000 следбеници. Екатерина работела во градска болница. Нејзините фанови велат дека личела на британската глумица и модната икона Одри Хепберн.

Scroll to Top