Пред 39 години пријавил дека жена му е исчезната, а денес полицијата го обвинува за нејзино убиство

By

Пензионер од Англија, Дејвид Венбл (88) пред 39 години пријавил дека неговата сопруга Бренда исчезнала, а денес полицијата го обвинува за нејзино убиство. Тој негира дека го извршил убиството на Бренда, чиј леш бил најден во септичка јама.

Таа се водела за исчезната уште од 1982 година. Венбл од градот Кампсиј, пред полицијата негирал било каква вмешаност во нејзиното убиство. Таа имала 48 години кога исчезнала од својот дом и од тогаш и била изгубена секаква трага.

Дури во 2019 година, работниците на фармата во која сопружниците живееле, ги нашле нејзините остатоци во септичка јама. Полицијата веднаш по пронаѓањето на лешот отворила истрага за нејзиното убиство. Како главен осомничен е нејзиниот сопруг, кој бил обвинет во јуни годинава.

„Одлуката да се подигне обвинение против сопругот е донесена по внимателно разгледување на сите расположливи докази на овој сложен предмет. Споменатиот злостор се случил меѓу 2 и 5 мај во 1982 година“, рече главниот истражен судија, а пренесува „Метро“.

Дејвид неодамна се појавил на судењето каде пред истражниот судија одлучно ја нагирал вмешаноста во убиството на сопругата. Одобрена му била условна кауција, а судењето за убиството е закажано за 6 јуни следната година.

Целиот случај најтешко му паднало на семејството на Бренда, која со години немала никакви информации за неа.

„Нејзиното исчезнување го уништи нашето семејство. Таа беше мила, грижлива и многу ни недостига“, рекле тие на сослушувањето на Дејвид.

Тие додалде дека се благодарни што нејзиното тлео конечно било пронајдено и што ќе можат да ја погребаат по толку години, за да може достоинствено да почива во мир.

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeDao: Bishoujo Senshi Sailor Moon: Sailor Stars - Hero Club anime episode 3 online free at https://animedao.nl animedao site

The Bathroom (https://animebee.to/m/og8d) Episode Full

AniWatch: Welcome to the JAPARI PARK anime episode 36 online free at https://aniwatch.pro free anime

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

Bitchute: https://www.bitchute.com/channel/gogoanimebe/

Lifeofpix: https://www.lifeofpix.com/photographers/animefreakws/